Ситроен е-Ц3 е најпродаван електричен малечок автомобил во Германија

Во првите десет месеци, Ситроен е-Ц3 е најпродаван целосно електричен модел во градската класа на германскиот пазар, со трикратно зголемување во споредба со лани.

Ситроен Ц3 е погодок на францускиот производител во сите погонски изведби, од 22-то место лани, тој годинава се избори за 13-то место во Б-сегментот на германскиот пазар.

Ситроен е-Ц3 е на врвот на германскиот Б-сегмент кај целосно електричните модели. Од јануари до октомври, на најголемиот пазар во Европа се регистрирани 8.555 примероци од е-Ц3. Со тоа, електричниот пандан на кај нас мошне популарниот Ц3 е на врвот во Б-БЕВ сегментот, со пазарен удел од 6,8 проценти.

Тоа е голем скок од лани, кога електричниот Ц3 имаше 2.863 регистрации и пазарен удел од 4,6 проценти, на 8-то место. За една година, е-Ц3 ја зголеми својата продажба речиси трикратно и напредуваше седум места во сегментот.

„Тоа што Ситроен е-Ц3 во рок од една година се искачи од осмото место на врвот во сегментот, покажува дека достапната електромобилност се бара на пазарот“, изјави по овој повод Томас Голдбум, директор на Ситроен Дојчланд.

Ц3 напредува меѓу во видови на погон

Пробивот на Ц3 не се ограничува само на целосно електричниот модел. Земајќи ги предвид сите видови погон на моделот, Ц3 во првите десет месеци се регистрирал 13.327 пати. Тоа претставува раст од 37 проценти од лани.

Тоа му донесе нма Ц3 и скок во конкуренција во Б-сегментот, од 22-то место лани, на 13-то место годинава. Пазарниот удел соодветно се зголеми од 1,7 на 2,3 проценти.

Голем раст во побарувачката и кај е-Ц3 Еркрос

Новата генерација модели на Ситроен општо наидува на зголемена побарувачка на германскиот пазар. Забележлив скок има и кај електричната изведба на Ц3 Еркрос, СУВ-варијантата на Ц3.

До октомври се регистрирани 4.040 електрични Ц3-Еркроси, наспроти 1.122 возила лани, што е раст од 260 проценти. На ниво на сегмент, е-Ц3 Еркрос е на 15-то место со удел од 3,2 проценти.

Според неофицијални податоци, Ситроен Ц3 на македонскиот пазар има постигнато 177 продажби до септември, со што напредувал 8,6 проценти во споредба со првите девет месеци лани.

Ситроен е-Ц3 во онлајн-каталогот со податоци и цени за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Citroen C3 Electric 113 You 44 kWh

Претходна објаваФолксваген го потврди името на најдостапниот електричен модел
Следна објаваСАТ и публиката му доделија на М-Херо „Српски автомобилски трофеј“