Би Уај Ди има повеќе вработени од Џенерал Моторс, Форд и Тојота заедно

Додека традиционалните производители на автомобили ширум светот укинуваат работни места, кинескиот Би Уај Ди постигна нов рекорд во бројот на вработени.

Возилата за пробно возење при премиерата на Би Уај Ди во Македонија

Кинескиот авго-гигант Би Уај Ди е меѓу најголемите во браншата и во поглед на бројот на вработени. Како што претседателот на Би Уај Ди, Ванг Чуанфу, соопшти на 33-та годишна конференција на „Кинеското здружение на автомобилски инженери“, Би Уај Ди во моментов вработува 1,02 милион лица. Тоа е повеќе од бројот на вработени што го имаат Џенерал Моторс, Форд и Тојота заедно.

Кон завршетокот на минатата година, Би Уај Ди објави дека има 869.600 вработени. Според тоа, во изминативе десет месеци, кинескиот производител на автомобили вработил уште 150.000 лица. Не сменило многу тоа што продажбата во меѓувреме опаѓа.

Од вкупната работна сила на Би Уај Ди, во Кина работат 960.000 лица, додека 60.000 лица се ангажирани во странство. Околу 120.000 лица работат на инженерски места во истражување и развој. Нивната работа опфаќа батериски ќелии, електромотори, електронски контролни системи и попупроводници.

Во изминатите години имаше големи промени во бројот на вработени во компанијата. Кон завршетокот на 2022 година, Би Уај Ди броеше 57.100 лица, а една година подоцна бројот порасна на 704.500 лица. Потоа следеше бран од нови вработувања. Во септември 2024 година, компанијата веќе надмина 900.000 вработени. Покрај тоа, со преку 110.000 инженери, Би Уај Ди уште тогаш располагаше со најголемиот истражувачки тим во браншата. Кинескиот производител пријави 968.900 вработени во завршетокот на годината.

Следеше бран отпуштања. За 2025 година, Би Уај Ди пријави 869.600 вработени, што значи биле уникати околу 99.000 работни места, повеќето од нив во производство.

Големи се разликите со традиционалните производители. Концернот Фолксваген, заедно со кинеските компании, во завршетокот на 2025 година имаше персонал од 662.942 лица.

Тојота во завшретокот на деловната година на крајот на март 2026 година, објави 390.927 вработени, повеќе отколку Стелантис, каде што во завшетокот на 2025 година биле ангажирани 258.668 лица.

Во САД, Форд во 2025 година имал 169.000 вработени, додека Џенерал Моторс само 156.000 лица. Тесла во последниот извештај навела 134.785 лица.

Поголемиот број вработени не значи дека и продукцијата на возила е поголема. Би Уај Ди лани произведе 4,6 милиони возила со 869.600 вработени. Тоа дава просек од 5,3 возила по вработен. Тесла со 1.636.129 возила и 134.785 вработени имала по 12 возила од човек, додека кај Фолксваген се 13,5 возила. Тојота има најдобат сооднос со 11,3 милиони возила, односно 29 возила по вработен.

Во бројот на вработени во Би Уај Ди сепак има и не толку мала отстапка. Опфатени се и 165.000 лица што работат во Би Уај Ди Електроникс и произведуваат електронски уреди за други марки, како и огранок за батерии, што испорачува за останатите производители на автомобили. Се приклучуваат и вработените во фабриките за чипови, мотори, решенија за складирање енергија и за железнички сообраќај.

Најдостапниот модел на македонскиот пазар и податоци за уште бројни други модели во онлајн-каталогот со податоци за сите нови модели на домашниот автомобилски пазар АВТОСАЛОН.МК

Fiat Grande Panda 1.2 100 MT6 Pop

Претходна објаваГерманците дневно минуваат 190 милиони километри на велосипед