Германците дневно минуваат 190 милиони километри на велосипед

Во земјата којашто ги создаде автомобилите, големи се и велосипедите. Едно истражување даде податок дека Германците секој ден минуваат по 190 милиони километри вртејќи педали.

Слика: Linexo © Felix Hartas

Студија на компанија за осигурување и лизинг на велосипеди ги истражуваше навиките на германскиот народ во користењето велосипед во секојдневието. Вообичаено за германската статистика, излегоа бројни податоци што се веродостојни.

Една четвртина од патот што германските жители го минуваат секој ден отпаѓа на превоз на две тркала, на велосипеди и електрични велосипеди. Тоа значи дека само возрасната популација минува секој ден по 190 милиони километри вртејќи педали, повеќе или помалку – во случај на е-велосипедите.

Во долгорочното истражување учествуваа близу 1.000 возрасни лица во период од 30 недели, со обврска секој ден да го запишуваат своето возење. Раководителот во Линексо, Зорен Хирш, компанијата што го спроведе истражувањето, порачува дека „ако сакаме да ја обликуваме идната мобилност, прво ни е потребна веродостојна слика за секојдневието и за податоците.“ Тој додава дека податоците се „основа за политиката, јавната управа, стопанството и трговијата да донесуваат одлуки во корист на велосипедите.“

Авторите на студијата укажуваат дека велосипедите и нивните електро-современици не се фенонен, туку се носечки столб на германската општа слика за мобилноста. Кога заклучоците од студијата ќе се применат на државно ниво, излегува дека возрасните лица во Германија дневно минуваат по 130 милиони километри со обични и упште 60 милиони километри со е-велосипеди.

Велосипедите учествуваат со повеќе од четвртина во вкупниот пат

Во вкупниот пат што возрасните Германки и Германци го минуваат дневно, велосипедите учествуваат со 27 проценти, односно тоа се преку 15 минути секој ден во пртосек. Автомобилите се главни, со удел од 55 проценти – вклучувајќи го и кар-шерингот, односно краткотрајниот наем на возило – меѓутоа излегува дека народот повеќе е на велосипед, отколку во јавен превоз, на којшто отпаѓаат 19 проценти. Со тоа, велосипедите се втор најкористен вид на превоз во Германија.

Од 38 километри што дневно го минуваат жителите во земјата во просек, 73 проценти отпаѓаат на превоз на четири тркала, додека велосипедите постигнуваат удел од 9 проценти.

Разлики меѓу возрастите, местото, полот

Истражувањето покажа разлики во возраста, полот и во местото на живеење. Над просекот е северот на земјата, со преку 17 минути дневно користење велосипед, следи западот со преку 16 минути, додека просекот е 15 минути и 19 секунди. Југот и истокот, дневно се помалку од 14 минути на две тркала.

Во работни денови, велосипедите се користат најчесто за набавки (49 проценти) и за слободно време (40 проценти), додека трет најчест вид на примена е возење до работа и назад, со 37 проценти. Бројките кај Е-велосипедите се соодветно 43, 49 и 27 проценти. Во викендите секако дека е почесто користење во слободно време, како и за спортување.

Истражувањето на Линексо беше спроведено од март до ноември 2025 година, врз основа на 14.318 неделни биланси што ги воделе корисниците. Во истото учествуваа 1.094 лица, на возраст од 18 до 69 години. Користен е репрезентативен примерок според возраста, полот, образованието, приходот, големината на местото на живеење и видот на живеалиштето.

Претходна објаваРено шеста година во низа во финале за Автомобил на годината во Европа
Следна објаваБи Уај Ди има повеќе вработени од Џенерал Моторс, Форд и Тојота заедно