Сега и Ферари ќе лета, но различно од циркусот на Тесла

Ферари работи на нов проект, а тоа не е нов суперспортски автомобил. Италијанците развиваат луксузна и супербрза јахта, што буквално лета над морето.

Најновиот проект на Маранело може најверно да се опише како „летечко Ферари“. По циркуската акробација на Тесла, многумина прво ќе помислат дека и Италијанците решиле да полетаат. Меѓутоа, ова Ферари има јарбол и едра, и тоа е првата тркачка јахта во историјата на марката.

Јахтата на Ферари е долга 30 метри и во моментов се вршат завршните работи на овој историски проект. Производителот на суперспортски автомобили од Маранело јави дека е завршена равотата на трупот, што е клучен дел во целиот потфат. Тестирањата на море ќе започнат в година.

Зошто Ферари смета дека нивната јахта лета

Прво се чини дека најавата за летечката јахта е само обид за привлекување внимание, но таа навистина лета. Наречена Хајперсејл, таа поседува додатоци во трупот што во браншата се водат како „фојлс“, а тоа се носечки површини што се наоѓаат под вода.

Кога ќе се зголеми брзината, тие создаваат потисок и го креваат трупот од вода. На тој начин значително се смалуваат отпорите. Јахтата буквално полетува над брановите, место да се пробива низ нив.

Носечките површини под вода се тајната на Хајперсејл. Тие создаваат потисок и при повисока брзина го подигнуваат едреникот долг 30 метри над водата. Јахтата на Ферари буквално лета над брановите

Овие концепти се познати од Америкас Кап. Но, Ферари секогаш мора да се издвои и го користи овој пристап за прекуокеанска јахта што е со многу поголеми димензии од останатите. Италијанците посочуваат дека се работи за летачки монохал, односно за пловен објект со еден труп – различно од катамараните и тримараните – што долготрајно лизга над водата.

Во јахтата има многу техника и знаење од Ферари

Врската на јахтата со автомобилскиот свет е многу поблиска, отколку што би се претпоставило. Системот за управување е наречен Флајт Контрол и постојано ги следи брзината, брановите и ветрот, за автоматски да ги нагоди носечките површини, односно фојлс. Тоа е пристап што Ферари го применува кај системите за регулација на подвозјето и на возната динамика кај своите суперспортски автомобили.

Ферари е на свој терен и во материјалите. Трупот во најголем дел е изработен од карбон. Покрај тоа, јахтата може целосно самостојно да ги покрива потребите од енергија. Струјата доаѓа од соларни ќелии и од ветерни генератори. Кој очекува и мотор Ве-8 од Ферари, тоа не е случај, Хајперсејл не поседува мотор со внатрешно согорување.

Нов терен за италијанските специјалисти за спортски автомобили

Хајперсејл не е само додавање престиж во името на Ферари. Тоа е првиот пловен објект што марката го има развиено целосно самостојно и го произведува. Италијанците досега се потпираа на дизајнерски студии или на испорака на мотори за туѓи проекти.

Претходна објаваПорше пријави висок профит, расте побарувачката за најскапите 911-ки
Следна објаваКинески електрични автомобили ќе се составуваат во Бугарија: Ора 5 од Ловеч