Мајбахот дизајниран од Леброн Џејмс оди на продажба, средствата за добротворни цели

Мерцедес-Мајбах С-Класа изработена според желбите на Леброн Џејмс, оди на наддавање во ноември. Без името на славниот кошаркар, Мајбахот вреди најмалку 330.000 долари.

Тоа што е уникат, некогаш може да биде уникат двапати. Ова необично поглавје околу С-Класата под знакот на Мерцедес-Мајбах, почна кога ѕвездата од светот на кошарката, Леброн Џејмс, нарача оделението Мануфактур да му изработи лимузина според неговите желби. Тоа привлече многу внимание и Штутгарт реши да изработи „втор уникат“, за потоа да го понуди на наддавање за добри цели.

Примерок ист како најновиот Мајбах на Леброн Џејмс, „втор уникат“ на неговото возило, ќе биде ставен на јавно наддавање во следниот месец, а средствата од продажбата ќе бидат насочени во семејниот фонд на Леброн Џејмс.

Познат и како Кралот Џејмс, најуспешниот стрелец во историјата на НБА, нарача уникатна С-Класа од Мерцедес-Мајбах, наменета да ја дополни неговата веќе скапоцена збирка. Во таа збирка секако дека има и повеќе возила под трикраката ѕвезда, вклучувајќи и С 57 од првата генерација на Мајбах, со регистерска ознака КНГ ОФ ОХ.

Таа нарачка за лимузина по посебна желба на спортската ѕвезда до одделението Мануфактур на Мерцедес-Бенц Карс, привлече огромно внимание на јавноста. Штутгарт секако не остана без одговор, па реши да изработи ист таков примерок и да го понуди на продажба, со тоа што средствата одат во корист на семејната фондација на Леброн.

Возилото за Леброн Џејмс е огледен пример за рачна изработка

  • На списокот на нарачки, Леброн Џејмс стави посебно лакирање на каросеријата во Мануфактур, во боја на слонова коска.
  • Во внатрешноста пречекува сина напа кожа – напа е врв во обработката на телешка кожа – во варијанта Сторми Ведер, со штепови во боја на порцелан.
  • Перниците низ кабината, патносиците, потпирачите за глава, на сите стои потпис на Леброн Џејмс.
  • Првпат во историјата на Мајбах е поставен амблем со лично лого на Леброн Џејмс, на местото на коешто инаку стои Ве-12.
  • Изработка на ненаметлив амблем со координатите на Акрон, Охајо, родниот град на Леброн Џејмс и на тамошната заедница околу којашто функционра фондацијата.

Како дете во Акрон не помислував дека еден ден ќе создавам Мерцедес-Мајбах по моја нарачка. За мојата фондација е од особен означење тоа што преку оваа аукција сега ќе можам да ѝ помагам на мојата заедница и на фамилиите. Ние продолжуваме да создаваме мрежа од начини за помош, што овозможува остварување на нивните соништа.
Леброн Џејмс

Лимузината што до последен детал е изработена според нарачките од Леброн Џејмс е најогледен пример за подготвеноста на одделението Мануфактур на Мерцедес-Бенц Карс да излезе во пресрет на сите желби на своите клиенти.

Врвните мајстори во Мануфактур се ангажираат само за топ-енд моделите на Штутгарт, односно тоа се сите моделски варијанти на С-Класа, Мајбах, АМГ и Г-Класа.

Може да се посакаат буквално секаква боја и нијанса, да се нарачаат ексклузивни материјали во кабината, и посветеност на врвни занеетчии за штепови, опшивки, работа со кожа, целосна преработка на волан.

Самата Мануфактур нуди уште едно скалило погоре, а тоа е Мејд ту Межр, односно изработено по мера, исто како што кај најскапиот кројач се нарачува одело.

Специјалистите на Мејд ту Межр се состануваат со клиентите, се работи на дизајн, на понуда на натамошни опции, се влегува во технички детали.

Пред да биде ставена на наддавање, С-Класата ќе биде изложена во Њујорк

Од 9-ти до 16-ти ноември, во салонот на Мерцедес-Бенц на Менхетн, а потоа од 19-ти до 0-ти ноември, во центарот Џејвиц во Њујорк, ќе биде изложен Мајбахот на Леброн Џејмс. Во моментов се разгледуваат и други можности за скапоцениот авотмобил да ѝ се прикаже на јавноста.

Втор примерок од тој автомобил, ќе биде ставен на наддавање на прочуениот Ретромобил во Њујорк, како сестрински настан на оригиналниот Ретромобил во Париз. Наддавањето ќе биде одржано од 19-ти до 22-ри ноември во џентарот Џејвиц.

Овој настан претставува своевиден врв за колекционерите, каде што се појавуваат најскапите и соодветно на тоа највредни автомобили во историјата. За самото наддавање се задолжени Гудинг Кристис.

Претходна објаваМарка продава марка, Еуроимпекс стартува со Чанган

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here