
Намерата на Пежо при осмислувањето на новиот концепт на својот салонски штанд беше преку просторот да се прикаже разновидноста во работата на компанијата, за посетителките и посетителите да го искусат светот на марката со лавот.
Штандот на Пежо на сите следни настани од светски, национален и регионален вид, ќе ги следи начелата што ќе важат почнувајќи од престојниот салон во Париз. Тоа ќе биде своевиден потпис на Пежо. Идејата била да се создаде „емотивно доживување на марката, што побудува љубопитност и на посетителките и посетителите им ги приближува производите, иновациите и визијата за иднината на Пежо“, соопштуваат од компанијата.
Просторот е поделен на три посебни целини
Простор за иднина и иновации
Модуларниот штанд во 4-та хала на Париз Експо Порт де Версај се простира на површина од близу 1.300 метри квадратни. Сите подрачја се издвоени јасно и врз нив е поставена впечатлива црна конструкција. Тоа му дава печат на просторот и го насочува вниманието кон изложените возила.
Во средиштето на штандот се две посебни подрачја за најновите модели, коишто се опремени со технологија за анимирање на посетителите.
Едно од тие подрачје ќе зафаќа концептот Пежо Полигон, што беше прикажан лани во ноември и којшто е најава за идниот 208. Два симулатори Хајперсквер ќе овозможат да се искуси новиот концепт на управување и ракување со идната генерација на 208 и следното усовршување на ај-Кокпит.

Перформанси и мотоспорт
Во ова подрачје ќе се најдат новиот Пежо Е-208 ГТи, целосно електричен и во духот на прочуената спортска изведба на славната 205-ка од 1980-те. Точно поради големината на тоа име, веднаш покрај 208-ката со електрични 280 КС ќе биде изложена 205 ГТи од 1980-те.
Тука не смее да отсуствува хиперавтомобилот Пежо 9 Икс 8, со којшто Французите учествуваат во светското првенство во трки во издржливост, односно меѓу другото на 24 Часа Леман.

Сериски модели
Широк светлечки панел озгора го следи по цела должина просторот во којшто во линија се наредени сериски модели. Тука ќе бидат изложени 208, 2008, 308 и 308 СВ, 408, 3008, 5008, целата патничка гама.
Преку организацијата на просторот и содржините што ќе ги понуди тука, Пежо има за цел да укаже на новото чувство во возење што го донесуваат новите технологии, на француската харизма на марката и на вредната историја.
Публиката ќе може да го посети салонот од 13-ти до 18-ти октомври. Еден ден пред тоа, на новинарскиот ден, ќе биде познато и кои се двата авотмобили што остануваат под вел сé до отворањето на салонот.
Се шпекулира дека едно од тие возила ќе биде 208 Е-Т 16, електрична наследничка на легендарниот 205 Т16, односно Турбо 16, којшто послужи како основа за хомологација на рели автомобилот од прочуената Група Б, највискиот и најопасен стадиум што го имаат минато рели автомобилите, коишто постинуваа моќност од преку 600 КС.














