Новите сообраќајни закони во Шпанија во заштита на велосипедистите

Шпанија воведе измени во законите за сообраќај коишто имаат за цел да ги заштитат велосипедистите на пат.

Од 1-ви октомври, возачите во Шпанија мора да внимаваат колку растојание да држат од велосипедистите и со колкава брзина да ги одминуваат.

Со цел да ги заштити таканаречените незаштитени учесници во сообраќајот, Шпанија ги смени своите закони за патен сообраќај. Од 1-ви октомври 2026 година важат нови правила за однесување кон велосипедистите.

Како што соопшти шпанската дирекција за сообраќај, возачите на автомобили што престигнуваат велосипедисти надвор од населени места, мора да ја намалат брзината за барем 20 километри на час под највисоката дозволена брзина на патот.

Доколку на патот се дозволени 90 километри на час, тоа значи дека возачите не смеат да возат побрзо од 70 километри кога ги одминуваат велосипедистите.

Останува пропишаното растојание од најмалку 1,5 метар меѓу возилото и велосипедистите. Доколку патот има повеќе од една сообраќајна лента во една насока, возачот што престигнува во тој случај мора да се престои целосно на другата лента.

Поголемо растојание во градовите

Нови правила важат и при наидување на велосипедисти во населените места. Возачите во иднина треба да возат колку е можно повеќе во средината на својата лента. Возачите што наидуваат мора да одржуваат растојание од најмалку 5 метри од велосипедистите.

Секако, постојат обврски што мора да ги почитуваат и велосипедистите, меѓу другото мора да се носи кацига. Уште една новина е можноста еднонасочните патишта да бидат отворени во двете насоки за велосипедситите, доколку во нив е ограничена брзината на 30 километри на час и доколку тоа е означено со соодветен знак.

Во иднина, туристите што ја посетуваат земјата ќе мора да внимаваат на овие правила.

Коментар: Колите ги избркаа луѓето од градот

Претходна објаваНовата финансиска директорка на Рено доаѓа од Мишелин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here