Новата финансиска директорка на Рено доаѓа од Мишелин

Рено ја назначи Карин Дамоа за нова финансиска директорка на групацијата, таа доаѓа од висока позиција во Мишелин, на местото на Данкан Минто.

Рено ќе го замени својот досегашен директор за финансии со Карин Дамоа, којашто ќе го зајакне раководството на фгранцуска групација во време кога производството на автомобили во Европа се соочува со тешки предизвици.

Од следниот месец, Карин Дамоа, заменичка директорка за финансии во францускиот производител на гуми Мишелин, ќе го замени досегашниот директор за финансии во Рено, Данкан Минто. Тој заминува од компанијата, соопшти производителот на 5-ти октомври, потрдувајќи ја претходната објава на Блумберг.

Минто ја вршеше функцијата од март лани и ќе замине од Рено на 13-ти ноември, за да работи на „нов и возбудлив предизвик“, соопшти тој во порака од својот профил на Линкдин, одговарајќи на прашањето од Блумберг.

Извршниот директор на групацијата Рено, Франсоа Прово, кој ја презеде функцијата пред малку повеќе од една година, го избра Дамоа по повеќемесечна потрага по соодветен кадар. Минто е ветеран во Рено и заслужен е за задржувањето на стабилноста во компанијата, по ненадејното заминување на поранешниот извршен директор Лука де Мео, кој понатаму презеде раководство со компанијата за луксузни производи Керинг, каде што спаѓа и Гучи.

Многу промени се случија во Рено откако замина де Мео, вклулчувајќи ги наградуваниот дизајнер Жил Видал и шефот за маркетинг Арно Белони, кои заминаа во соперничкиот концерн Стелантис.

Рено е компанија во којашто француската држава поседува 15 проценти од акциите и планира во следните години да продолжи да вложува во производството на електрични возила во Франција, доколку тоа го дозволи политичката и социјалната волја, соопшти Прово на 3-ти октомври.

Во Македонија се возат 1.058 електрични патнички автомобили

Претходна објаваЛипмотор ги објави цените на Б03 Икс, струјата е сé поевтина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here