Шведска си го поддотера Волвото, малку шминка, повеќе безбедност

Волво ја пушти моделската 2027 година од својата серија 40. Има промени во изгледот, инфо-забавата, сиустемите за асистенција и активната безбедност.

Новата моделска година на хибридниот Волво Икс Ц 40 и електричните Е Икс 40 / Е Ц 40 се препознава по новата форма на предните диодни светла. Останува формата на Т, којашто во речникот на Волво го означува „чеканот на Тор“, но светлата изгледаат посовремено со матричната ЛЕД-техника и со затегнати линии.

Има зафати и наоколу. Мали промени се извршени во формата на маската, предниот браник, хаубата и предните крила. Назад се откриваат нови задни светла со диодна техника, но и сменет изглед на вератата на багажникот, заедно со нов браник.

За Волво Икс Ц 40 се достапни нови дизајни на тркалата од 18, 19 и 20 инли, со дијамантско режење. Но, сите зафати се толку ненападни, што досегашните модели не изгледаат застарено.

Бидејќи Волво е големо име во светот на безбедноста, Швеѓаните не го пропуштија ова подрачје. Со нов софтвер и нови сензори се подобрени функциите на безбедносните системи. Во моделската 2027 година, 40-ките стандардно располагаат со автоматски зафат во управувањето при избегнување пречка, предупредување кога при отворање врата наидува возило или велосипед, потоа помош при престројување, и како опција, камери во 360 степени.

Инфо-забавниот систем е надграден со ВИ-асистентот Гугл Џеминај, а и полнењето телефон е побрзо. На списокот на дополнителна опремна е додадена кожа во боја на кардамом, заедно со дрвени украсни плочи.

Моделите Икс Ц 40 и Е Икс 40 од новата моделска година 2027 веќе се достапни за нарачка. Производството ќе започне наесен, а првите возила ќе пристигнат во салон кусо пред завршетокот на годината.

Македонскиот увозник Премиум Брендс веќе го најави новиот модел на својот вебсајт. Последната акциска понуда за Икс Ц 40 на вебсајтот наведува цени што стартуваат од 39.990 евра.

Импресија · Volvo XC90 T8 AWD · Транспортер на луксуз

Претходна објава„Шпециаланфертигунг“ е името на овој Мерцедес и веќе е распродаден

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here