Од рубриката смешки: Возачи во САД тужат дека логото од седиштата на АМГ им се тетовирало на грб

Двајца возачи во САД поднеле тужба, оти плочката на Мерцедес-АМГ во седиштата, вжештена на летните температури, им се врежала во кожата по седнувањето.

Уште еден од бројните примери во САД, на „среќници“ што се обидуваат да изнудат пари од производителите

Двајца сопственици на автомобили Мерцедес-АМГ во САД имаат поднесено тужба против германскиот прозиводител на автомобили, жалејќи се за изгорениците што ги предизвикала металната плочка со натпис АМГ на возачкото седиште.

Двајцата тужители наведуваат дека претрпеле повреди при седнувањето во автомобилот паркиран на калифорниското сонце, при што не носеле облека што го покрива делот од телото во допир со плочката АМГ.

Еден од нив е Габриел Лахиџани од Лос Анџелес, кој во мај добил изгореници од прв и втор степен, што дерматолог ги дијагностицирал како „напишано АМГ“, стои во тужбата. Тој изнајмил Мерцедес-АМГ Е-Класа неколку месеци пред тоа.

„Откако возилото било паркирано на сонце, господин Лахиџани влегол во возилото носејќи маица со прерамки, враќајќи се од вежбална“, наведено е во тужбата од 5-ти август. „Неговиот грб кусо дошол во допир со плочката АМГ на возачкото седиште, предизвикувајќи моментална силна болка и изгореница што јасно го прикажувала логото на АМГ.“

Вториот случај е за Карендип Бат од Четсфорт, Калифорнија, која претрпела „суштински иста повреда“ во јули, наведено е во тужбата.

Бат носела маица на прерамки на 90-минутниот ручок пред да се врати во возилото што било пакирано на булеварот Вентура во Лос Анџелес. И покрај краткотрајното „чувство на печење“, стои во тужбата, „таа не сфатила веднаш дека има изгореница; во следните денови, на кожата станал видлив темен белег со знакот на логото на АМГ.“

Во тужбата се бара отштета за трошоците за лекување, како и за болката и стресот. Понатаму се бара и Мерцедес да ги острани логоата од возачкото седиште во своите автoмобили.

Претходна објаваОпел ја одложи новата Корса за 2028 година, тогаш ќе биде само електрична
Следна објаваДонгфенг го прослави МХеро како царско заокружување на понудата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here