БМВ и Икс 3 во Кина се произведува во изведба што има за единаесет сантиметри подолго меѓуоскино растојание. Тоа обезбедува просторен раскош на задната клупа во електричниот СУВ, во споредба со моделот за Европа.
Во најскапите изведби, подолгото меѓуоскино растојание се искористува за да се вгради и поголема батерија. Но, таа предност се користи и за да се понуди уште подостапна изведба, во којашто се вградува батерија со поевтина хемија и со помала енергетска густина, односно батерија што бара повеќе простор.
Ценовникот за БМВ и Икс 3 30Л во Кина почнува од малку над 34.000 евра. Во Европа, најдостапна е изведбата и Икс 3 40, што во Германија чини 63.400 евра. Таа огромна разлика од преку 29.000 евра се ублажува со тоа што во кинескиот модел работи батерија со капацитет од 77 кВч и со хемија литиум железо фосфат (ЛФП), додека во моделот за Европа се вградува батерија НМЦ од 82,6 кВч.
Полнењето до 80 проценти трае една минута покусо (21 минута), но потоа ќе има и четири кВч повеќе енергија отколку кај кинескиот БМВ. Постои разлика во моќноста: 265 наспроти 320 КС, во корист на европскиот модел.
Со погон на сите тркала икс Драјв, БМВ-то во Кина почнува од околу 38.000 евра. Во споредба со моделот за Европа, електричниот СУВ во оваа изведба има два електромотори, погон на сите тркала и 374 КС. Батеријата има 86,9 кВч.
Врвната изведба и Икс 3 50Л икс Драјв, Кинезите ја купуваат за најмалку 43.000 евра. Двата електромотори испорачуваат 469 евра, исто колку Евро-моделот, но тој чини 70.900 евра. Батеријата за Кина располага со 113 кВ, место 108,7 кВч.
Возачките и возачите во Кина добиваат и дополнителни системи за асистенција, што главно овозможуваат полусамостојно возење низ град и се користат бесплатно осум години. Во Европа, за тоа мора да се доплати 2.500 евра.
За кинескиот пазар се направени зафати во функциите на вештачката интелигенција, односно се користи Алибаба, додека навигацијата се базира врз Гаоде, исто така производ на Алибаба.

Во стандардната опременост спаѓаат греење на волан и на сите седишта, вентилација за предни седишта, тризонска автоматска клима и врвен аудио систем Харман Кардон.
Производството во Кина очигледно е многу поевтино отколку во фабриката во Дебрецин, Унгарија, од каде што излегува моделот за Европа. Но, конкурецнијата може уште подобро. Шаоми ЈУ 7, со преку 300.000 нарачки уште од првиот ден, со 315 КС и батерија од 96,2 кВч во основната изведба, чини околу 32.000 евра. И Тесла од фабриката во Шангај е поевтина околу 1.000 евра.
БМВ Икс 3 · Тест · Погонот лична карта, возните својства пасош
















