
Идната фабрика на кинескиот производител САИЦ ќе се гради на пет километри оддалеченост од поморската база на Нато и би започнала со работа во 2028 година, со капацитет за 120.000 возила годишно.
Шпанското министерство за одбрана ќе му одобри на кинескиот производител на автомобили САИЦ да гради фабрика на подрачјето на Галиција, соопшти преставник од министерството, и покрај предупредувањата за можно загрозување на безбедноста, поради близината до поморската база.
Кинескиот САИЦ ќе ја гради својата прва фабрика во Европа за возила од марката МГ во Шпанија. Тоа ќе биде важен чекор на производителот на автомобили во насока на локализирање на производството, што ќе овозможи понатамошно ширење низ регионот. САИЦ во јуни соопштија дека првично ќе вложат околу 200 милиони евра во фабриката, за којашто се планира почеток производство во 2028 година. Таа ќе располага со капацитет за 120.000 возила годишно.
САИЦ е меѓу неколкуте кинески производители на автомобили и батерии за електрични автомобили, што водат преговори за отворање фабрики во Шпанија. Тоа би значело враќање во живот на регионите во коишто престанаа да работат фабриките за автомобили.
Шпанските дневни весници Ел Мундо и Ел Паис објавија на 10-ти август, дека разузнавачките служби испратиле интерни предупредувања за опасност од шпионажа, од фабриката што треба да се изгради на оддалеченост од 5 километри од Ферол. Тоа е клично пристаниште за шпанската морнарица и место на коешто се врши сервисирање на воените бродови Ф-100, што учествуваат во мисиите на Нато.
Од фабриката е можно да се следат дневните активности во базата на Нато
Службени лица се загрижени дека кинеската компанија може да добе чувствителни информации за дневните движења на фрегатите, стои во објавите на шпанските дневници, коишто се повикуваат на неименувани извори.
Претставник на самостојната заедница Галиција изјави во врска со објавите, дека шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес, на 11-ти август контактирала со премиерот на регионот и го уверила дека ќе го поддржи проектот, откако истиот ќе пристигне за одобрување во нејзиниот кабинет.
Министерството за обрана на Шпанија води повеќемесечни преговори со САИЦ и „нема загриженост во поглед на безбеднбоста,“ изјавил регионален претставник на Галиција.
Претставник на министерството за одбрана го потврди тоа и наведе дека проектот подлежи на одобрение од Комитетот за стратешки вложувања, којшто може да постави прашања поврзани со безбедноста. Тој не наведе кои се условите што би ги побарало министерството.
Липмотор прави скок на македонскиот пазар во вистинска насока














