Високите температури и вжештениот асфалт секако дека влијаат и врз автомобилските гуми и го зголемуваат ризикот ако долго не се внимавало на нивната состојба.
Утешната вест е тоа што современите автомобилски гуми многу подобро се справуваат со топлото време и со термичките оптоварувања при возењето. Но, пак мора да се внимава и да се посвети грижа околу состојбата на гумите. Лете се покажуваат последиците, доколку не се внимавало околу гумите и не се вршеле проверки одвреме навреме.
Самата гума се загрева при возењето, поради постојаното деформирање што се појавува во структурата на гумата. Деформирањето е поголемо, а со тоа и загревањето, кога е недоволен притисокот во гумите. Темппературата на гумата расте и при возење на автопат со висока брзина, исто како и при полна натовареност на возилото.
Кога на тоа ќе се дададат топлото време и вжештениот асфалт, термичките оптоварувања достигнаат гранични вредности. Затоа се препорачува, посебно при исклучително топло чвреме, да се пропвери притисокот во гумите, длабочината на профилот и општата состојба на гумите.
Притисокот во гумите треба да се проверува пред подолго патување или по долго мирување на возилото, но само кога гумите се ладни. Опасна грешка се прави, кога при патување ќе се запре и ќе се провери притисокот, за да се покаже дека тој е повисок од пропишаниот што е наведен на налепница на возилото, и да се испушти воздухот. Во таков случај, веќе се вози со пренизок притисок.
Кога гумите ќе се изладат и тогаш ќе се измери притискот, ќе се покаже многу пониска вредност од потребната. При пренизок притисок, гумите се деформираат повеќе, се зголемува и трошењето, а расте и потрошувачката на гориво. Слабеат и возните својства, се влошува управливоста
Совети при проверка на притисокот во гумите:
- Проверувајте го притисокот редовно и само кога гумите се ладни
- Внимавајте на препораките од производителот на возилотло. Вредностите се наведени на налепница на резервоарот, на средишниот столб и во прирачникот за користење.
- Имајте ја предвид натовареноста на возилото, посебно кога се патува на одмор, со многу багаж; Во тој случај важат препораките за притисокот при натоварено возило.
- Не го испуштајте воздухот ако при загреани гуми прочитате повисока вредност
- Не се потпирајте целосно врз сензорите за притисок во гумите: Само системите со активни сензори ја прикажуваат тековната вредност, додека пасивните реагираат доцна. Затоа треба редовно да се проверува притисокот.
Жешкиот асфалт влијае врз гумите
Вжештените коловози дополнително ја качуваат температурата на површината на гумите. Кога гумите се исправни, со точен притисок и не се преоптоварувани, нема причина за загриженост. Опасно е само кога ќе се здружат повеќе влијанија: Погрешен притисок, висока натовареност, долго возење на автопат, претходно оштетени или стари гуми.
Пред долг пат:
- Проверете ја длабочината на профилот. Истрошена гума предизвикува нестабилност и лизгање на дожд.
- Направете визуелна проверка, дали има пукнатини, меури, засеци или заглавени предмети
- Оценете ја истрошеноста: Ако едната страна од профилот е истрошена повеќе од другата, тоа е знак за долго возење со слаб или превисок притисок (средината е повеќе истроишена), пренатовареност или дефект во подвозјето
- Багажот, товарот во кровниот багажник, влечењето приколка, дополнително ги оптоваруваат гумите, и соодветно треба да се зголеми притисокот, според препораките.
- Посебно грижливо проверете ги гумите ако се постари
Долго стоење на сонце влијае врз гумите
Топлотните бранови исто така влијаат врз гумите. Ако возилото подолго време е оставено на вжештен асфалт, гумата е изложена на влијание од топлината, од УВ-зраците и секако на тежината на самото возило. Доколку е пренизок притисокот, возилото е преоптоварено или возилото стои долго, можно е гумата да изгуби притисок и да трпи последици што влијаат врз трајноста.
Тест на летни гуми на ADAC: Од 16 гуми, само три со добра оцена
















