Владата по Орбан не сака Унгарија да произведува електрични возила, загадувале многу

Унгарскиот министер за животна средина Ласло Гајдош се закани со затворање на фабриките за батерии за електрични возила, поради непочитување на законите за заштита на животната средина. Тоа е целосна отстапка од правецот на десникарскиот лидер Виктор Орбан, кој ја загуби власта во април.

Семкорп произведува разделни филмови што се користат за изработка на батерии за електрични автомобили

Орбан уште во 2021 година поттикна масовно да се вложува во батерии за електрични возила и привлече 26 милијарди евра во земјата. Со вложувања главно од јужнокорејските и кинеските производители, Унгарија прерасна во клучна крстосница во Европа.

Пред изборите, народот стана мошне загрижен околу еколошките, здравствените и безбедносните прашања, поврзани со фабриките. Петер Маѓар, противникот на Орбан од централната десница, вети дека посериозно ќе им се посвети на тие проблеми и постигна убедлива победа.

„Мораме да ја вратиме рамнотежата меѓу развојот на индустријата и заштитата на животната средина,“ објави Гајдош на фејсбук. „Во изминатите 16 години, тој баланс целосно се помести во корист на индустријата.“

„За тие што постојано ги прекршуваат законите, ги загрозуваат здравјето и безбедноста на унгарскиот народ и не ги почитуваат унгарските закони, нема место во Унгарија,“ кажа министерот, ветувајќи дека ќе ги зголеми казните за загадувањето, на рамниште што ќе биде најстрого во цела Европа.

Во Унгарија се присутни неколку производители на батерии, меѓу кои кинескиот КАТЛ, којшто се подготвува да ја пушти фабриката во Дебрецин, вредна 7,3 милијарди евра, со капацитет од 100 гигаватчасови годишно. Соперничкиот СДИ во моментов ја проширува фaбриката во Гед, користејќи владина подршка, со цел да излезе во пресрет на барањата на европските фабрики за автомобили.

Покрај нив, БИД ја гради својата прва европска фабрика за автомобили во Сегедин, чијшто почеток на работа се очекува во последниот квартал годинава. Кинезите планираат и локално производство на батерии во Европа.

Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

Градоначалникот бара кинески Семкорп да си замине од Дебрецин

Ласло Пап, градоначалник на Дебрецин и член на партијата на Орбан, на 1-ви јули испрати барање до кинескиот производител на делови за батерии Семкорп, да си замине од вториот најголем град во земјата, откако испитувањата покажаа загадување на животната средина.

Локалните власти кон завршетокот на јуни наложија и запирање на производството на Семкорп, откако властите открија висока загаденост на водите со алуминиум, од примероците земени од бунарите околу фабриката.

Семкорп во земјата произведува разделни филмови за литиум јон батерии и филмови од алупластика.

Жолт Таркањи, пратеник од редовите на маѓаровата партија Тиса од Дебрецин, објави на фејсбук дека градоначалникот треба да поднесе оставка по овие наоди.

Таркањи предлага казните за загадување во иднина да се одредуваат како процент од вкупниот промет, место постоечките фиксни казни.

Тој ја наведе како пример фабриката на СДИ, дел од Самсунг, во Гед, којашто во 2022 и 2023 година беше казнета неколкупати, поради загадување.

Унгарската полиција од 2023 година наваму изрече четири кривични пријави против Самсунг, вклучувајќи ја истрагата од 2024 година, за загрозување на безбедноста при работа, како и истрага во 2026 година, за кршење на прописите за управување со отпад.

Пред изборите, Самсунг објави дека строго се придржувале кон еколошките и безбедносните закони, по повлекувањето на лиценцата за заштита на животната средина.

Популарноста на Тиса продолжи да расте по изборите. Анкетата покажа дека 73 проценти од гласачите ја подржуваат партијата, наспроти 21 проценти за партијата Фидес на Орбан.

Претходна објаваСалцбург го затвора центарот за возила, „помалку застој, повеќе град“
Следна објаваНа полначите на ЕВН годинава се приклучиле електрични автомобили преку 6.500 пати

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here