Тојота ќе произведува авиони, електрични и за такси служба

Тојота во соработка со калифорнискиот специјалист Џоби се подготвува за производство на електрични авиони, коишто главно ќе се користат за такси.

Џоби Авиејшн и корпорацијата Тојота Мотор денес потпишаа договор за соработка во областа на електричните авиони. Џоби имаат големо искуство со електричните авиони, и секако Тојота се приклучува со својата експертиза во менаџирањето и производството.

Првиот чекор во соработката меѓу Тојота и Џоби ќе биде создавање основа за комерцијално производство, со напредна техника, висок квалитет и разумни трошоци.

Понатаму следи помош од Тојота за проширување на фабриката на Џоби, добивање сертификат и подготвување за пазарот на електрични летала со вертикално полетување еВТОЛ, каде што се очекува голем раст.

Основачот и извршен директор на Џоби Авиејшн, Џо Бен Бевирт, открива дека „Тојота го поддржува Џоби близу една декада, преку непроценливо водење и поддршка, додека ние ја градевме основата за производство на нашиот авион.“

Акио Тојода, претседател на корпорацијата Тојота Мотор, се надоврза и потсети дека „уште од нашето основање, нé водеше филозофијата да обезбедиме мобилност за сите.“ Со текот на времето, Тојота го прошируваше значењето на мобилноста, за денес „мобилноста во воздухот да ја гледаме како природно проширување на таа филозофија, од земја до небото,“ додава Тојода.

Двете компании во заедничкото соопштение нагласуваат дека целта на нивниот развој е аеро мобилноста да се направи достапна за народот.

Претходна објаваPorsche Skopje ги отвори вратите за љубителите на автомобилите
Следна објаваЕУ ќе наплати 1,4 милијарда фунти царина за електрични автомобили од фабриките во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here