Автогасот останува како избор на гориво и во време на хибриди и електрификација. Покрај тоа што приспособувањето на погон на автогас е едноставно и евтино, вклучувајќи го и производството, и секако, тоа што трошоците за гориво се намалуваат значително, третата доблест е во помалото загадување на животната средина.
Според истражувањата на Рено, ЛПГ наоѓа примена првенствено во земјите на Медитеранот и во Средна и Источна Европа, каде што се нуди на 30 проценти од станиците за гориво. Во светски рамки, 28 милиони возила користат ЛПГ.
Нова генерација на Ецо-Г базирана врз поголем и посилен мотор
Новиот Еко-Г 120 во Клио доаѓа на местото на Еко-Г 100, и како што кажува ознаката, нуди за 20 проценти зголемена моќност. Моторот доаѓа од Клио ТЦе 115, и покрај зголемената работна зафатнина од 1,0 на 1,2 литар, испорачува и за 30 њутнметри повисок вртежен момент – сега 200 њутнметри. Тоа е истиот мотор што се користи и во големите хибриди на Рено, односно во Аустрал и Рафал.
Со двата полни резервоари, Клио и Симбиоз можат да минат 1.450, односно 1.500 километри без запирање. Клио сега има резервоар за автогас од 50 литри, што е за четвртина повеќе од претходната генерација. Погонот автоматски се префрлува од ЛПГ на бензин, кога ќе се испразни резервоарот. Во секое време може да се избере кое гориво да се користи во моментот.
Новиот Еко-Г 120 ќе се вградува во три модели
Клио Еко-Г 120 автоматик им се придружува на постоечките изведби на Клио, на ТЦе 115 со рачен или автоматски менувач со двојна спојка, и на хибридниот Е-Тек со 160 КС. Изведбата со погон на автогас се испорачува само со автоматски менувач со двојна спојка, што е голема новина во споредба со претходните генерации. Еко-Г доаѓа стандардно со рачки на воланот за менување степени.
Според Рено, потрошувачката на автогас изнесува 6,5 литри на сто километри во просек.
Додека Клио Еко-Г 120 е достапен само со автоматски менувач, Симбиоз се нуди со рачен менувач со 6 степени, што прави разликата во цената со модел со бензински мотор да биде пониска.
Технички податоци Clio Eco-G 120 auto:
- Погон би-фјул: бензин & LPG
- Мотор: 1,2-литарски 3-цилидри турбо (1,200 cm³)
- Резервоаро: 39 литри за бензин и 50 литри за LPG
- Вкупен досег: до 1,450 km
- Моќност: 120 КС (90 kW)
- Вртежен момент: 200 Nm
- Емисија на CO2: од 106g/km за LPG & 122g/km за бензин
- Потрошувачка: од 6.5l/100 km за LPG & 5.4l/100 km за бензин
- 0 до 100 km/h: 9.8 s
- Менувач: автоматски со двојна спојка (EDC)
















