Производителот од САД најави седум нови модели што ќе ги продава во Европа. Некои од тие модели со знак на Форд ќе носат техника на Рено и ќе се произведуваат во Рено.
Форд планира да пушти седум нови модели на европскиот пазар до 2029 година. Производителот од САД вложува напори да се врати на пазарот, каде што некогаш имаше далеку посериозно присуство. А, Форд сега мора да се бори дополнително против кинеските соперници. Единствено успева Транзит.
„Нашиот план е всушност да го зголемиме својот удел на пазарот … на пазар којшто речиси се распаѓа покрај големиот бројот на конкуренти“, изјави за Ројтерс Џим Баумбик, претседател на Форд за Европа. „Мораме да се издвоиме од толпата“.
Пет од најавените седум нови модели на Форд ќе бидат патнички автомобили, вклучувајќи малечок електричен автомобил и малечок електричен СУВ што ќе се произведуваат во фабрика на Рено во северна Франција. Двата модели целосно ќе бидат засновани врз модели на Рено. Нив ќе им се придружат три СУВ, што ќе се произведуваат во хибридна и целосно електрична изведба.
Производителиот од САД упати критики и поради притискањето на Европа во насока на електричните автомобили, наведувајќи дека „целите за ЦО2 мора да ја отсликуваат вистинската побарувачка на купувачите“ и дека законите треба да ги поддржат и приклучните хибриди, како и електричните автомобили со продолжен досег, место да ги промовира само целосно електричните автомобили.
Форд затвори фабрики и отпушти работници
Како последица од слабата продажба на своите автомобили во Европа, Форд ја затвори германската фабрика во Зарлуи и отпушти работници од фабриката во Келн.
До пред само десетина години, Форд беше 4-от најголем производител на автомобили во Европа, со продажба од преку 1 милион возила во регионот на годишно ниво.
Лани, компанијата продаде одвај над 420.000 возила и падна на осмото место, зад производителот на премиум автомобили Мерцедес-Бенц.
Форд се обидува да си најде нова среќа, додека кинеските производители, предводени од БИД, го преземаат делот од пазарот на слабите локални производители.
Додека Форд лани успеал да продаде само 0,1 процент повеќе возила отколку во 2024 година, БИД постигна раст од близу 270 проценти.
Во делот на доставните возила, Форд уште се вмешува меѓу водечките прозводители во Европа, иако Стелантис се пробива сé повеќе со своите доставни возила.
Меѓу седумте најавени новитети, не се за исклучување и дополнителни електрични модели што се препакувани Фолсквагени, како што во моментов е случај со Капри и Експорер.
















