Ауди ќе напаѓа силно во САД со новиот Ку 9

Ауди со новиот Ку 9 нема намера да го понуди најголемиот СУВ во светот, но затоа го нуди најекслузивниот ентериер. Долг преку 5 метри, новиот знаменосец цели кон Мерцедес-Бенц ГЛС и БМВ Икс 7. Продажбата стартува прво во САД, потоа следи светот.

Производителот од Инголштат вели дека внатрешноста на Ауди Ку 9 е осмислена како „безбедно место за семејството, за бизнисот и за долги патувања“.

Ауди го најавува новиот знаменосец укажувајќи на новата вистина во автомобилскиот свет. Поседувањето најмоќен и најбрз автомобил повеќе не е толку важно, колку што e важно чувството во возилото. Со пуштањето на првите фотографии од Ку 9, Ауди порачува дека „постојат автомобили, чијшто внатрешни вредности откриваат повеќе од податоците за импресивна моќност.“

Врати што се отвораат со електромотор, првпат во Ауди, место за седум патници и лесен пристап до третата клупа, целосно застаклен покрив и 4Д-звук се сосем доволна најава за тоа што го донесува новиот знаменосец на баварската марка, Ауди Ку 9. Тој е поголем, посилен и поскап од Ку 7 и Ку 8, што досега го одбележуваа врвот во СУВ-понудата на марката со 4-те прстени.

Ауди ги објави сликите од новиот модел, чијашто продажба ќе започне за околу два месеци. Многу нешта се сменија во марките на концернот Фау Ве во меѓувреме. Ауди ја враќа силината на своето мото Напредок Преку Техниката и шефот Герно Делнер вели дека со Ку 9 го изразуваат тоа мото „уште посилно преку начинот на којшто се доживува внатрешноста.“

Луксузот е главна тема во големиот СУВ. За бизнисмени се нуди изведба со шест седишта, со електрично местење на седиштата во вториот ред и со вентилација и врвна комоција, односно точно со чувство како во бизнис класа.

За големи семејства и за сценарија кога во кабината треба да се најде место и за патници и за несекојдневен товар, Ауди ја нуди изведбата со 7 седишта. Електрично местење важи за сите седишта, вклучувајќи го последниот ред, за брзо да се ослободи простор за товар.

Првпат во Ауди, вратите се отвораат електрично

Вратите во Ку 9 може се отвораат и затвораат на различни начини, од користење клуч или апликација, преку копче во кокпитот и преку педалата за сопирање, па и преку ставањето ремен. Големата каросерија дозволува и широк агол на отворање на вратите.

Ауди изведува стаклен покрив во секој Ку 9 што ќе го произведе, со површина од 1,5 метар квадратен. Покривот се состои од 9 сегменти што може да се затемнуваат или осветлуваат по желба, вклучувајќи и целосно затемнување – по електричен пат. Филтри запираат 99,5 проценти од УВ-зрачењето, нема потреба од завеса. При напуштање на возилото, покривот автоматски се затемнува, за при следното стартување да се врати последното местење.

Опција се 84 ЛЕД-светилки што го бојасисуваат покривот во 30 нијанси, соодветно на избраното амбиентално осветлување во кабината.

Многу играње со светлината, за посебно чувство

Амбиенталното осветлување ги опфаќа целосно вратите и арматурната табла, создавајќи и впечаток дека средишната конзола лебди. Во оваа средина се приклучува и унапредениот 4Д-звучен систем од Банг енд Олафсен. Светлата во кабината играат во такт со музиката, па дури и боите се менуваат според сликата на музичкиот албум што се слуша.

Изборот на материјали и боите оди скалило погоре

Материјалите и боите во внатрешноста создаваат посебно чувство, а ќе бидат понудени и повеќе опции за дрвените украсни панели и за платнените облоги. Се спомнува ексклузивна волна од алпака, микрофибер, најмека телешка кожа. На тоа се надоврзуваат дрвени плочи од липа или комбинација од карбон и додатоци од базалт.

Знаменосецот, посебно во време кога А8 повеќе не е во понуда, нуди напредни решенија и во практичноста и функционалноста, со приспособлива средишна конзола или со две лежишта за безжично полнење телефон, како и алуминумски шини во багажникот, за безбедно прицврстување на товарот.

Премиерата е среде лето, тогаш ќе бидат соопштени и податоците за техниката и останатите детали околу Ауди Ку 9.

 

Претходна објаваДачиа работи на Евадер, достапен електричен автомобил на база на Рено Твинго
Следна објаваВо саботата 22.000 Дукатисти стартуваа во исто време, голем собир и во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here