Смарт се враќа во својата изворна форма

Смарт го најавува наследникот на електричниот мини-двосед Форту преку концепт #2, што е прикажан на авто-салонот во Пекинг.

Изгледот е познат, меѓутоа досегот на идниот Смарт Форту е зголемен значително.

Смарт ја подготвува сцената за наследникот на Форту, преку концептниот автомобил што соодветно на номенклатурата на марката се води како Број 2. Марката со којашто денес заеднички раководат Мерцедес-Бенц и кинески Џили, во изминатиов период прави нов пробив на пазарот со големи СУВ-модели. Преку концепт Број 2, марката најави враќање кон своите корени, односно кон Форту. Електричниот погон се подразбира.

Со 2,79 метри, Концепт #2 е десетина сантиметри подолг од последниот Форту. Со кругот на вртење под 7 литри, идниот двосед ќе царува по градските улици исто како првите Смартови.

Изгледот не се менува, идниот Форту ги задржува препознатливите форми на претходникот, којшто сепак стекна големо име на сцената. Како основа служи платформата ЕЦА, односно Електрична Компактна Архитектура.

Каросеријата и натаму завршува веднаш зад тркалата. Носот со стил како на голем автомобил останува, исто како и издадените крила.

Промена има единствено во завршетокот на каросеријата, којшто за разлика од претходно, сега е накосен нанапред, што се објаснува веројатно со намерата да се подобри аеродинамичноста.

Отстапка има и во Тридион-безбедносната школка, што досега беше јасно издвоена и нагласена во страничната силуета на Смартот, за да укаже дека се живее безбедно во автомобилчето. Кај новиот Форту, школката повеќе не се нагласува во изгледот. Место тоа, концептот во задните столбови го следи стилот од новите модели на Смарт.

Тоа што се забележува посебно се кожените јамки место класични рачки во вратите. Дали тоа ќе остане во серискиот модел, многу е неизвесно.

Предните светла имаат триаглеста форма и пиксел-дизајн, слично како Фиат Гранде Панда. Стилот се повторува и во дневните светла, што се спуштени во браникот.

Преку стилизираната маска во браникот, минуваат две ленти, што личат како кожени ремени на куфер. Задните светла го преземаат стилот од носот, но воведуваат изглед на турбина.

За нереалноста што е својствена за концептните автомобили се грижат лакирањето во две мат нијанси, како и деталите со златен финиш и проѕирните површини.

За техниката не се наведува многу. Единствено се спомнува досегот од околу 300 километри, како и можноста за брзо полнење, со 20 минути до наполнетост од 80 проценти. Се спомнува и можноста за поврзување на надворешни потрошувачи.

Сериската верзија на новиот Смарт #2 се очекува да доживее премиера на салонотв во Париз, во октомври. Продажбата на двоседот во Кина ќе започне кон завршетокот на годинава, а европскиот пазар ќе причека до следната пролет.

Претходна објаваРодена да привлекува погледи · Новата Opel Corsa GSE во спортски камуфлажен дизајн
Следна објаваБојан Петрушевски подготвен за нов предизвик на Circuit Paul Ricard во реномираниот Clio Cup Europе

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here