Волво ќе ги увезува и продава автомобилите на Линк енд Ко во Европа

Волво Карс потпиша писмо на разбирање со групацијата на коајшто ѝ припаѓа, кинескиот Џили, за да стане ексклузивен увозник и дистрибутер на автомобилите на Линк енд Ко во Европа.

Најпродаван модел на Линк енд Ко во Европа во 2025 година беше 01, со 6.539 возила.

„Моделите на Линк енд Ко ќе се продаваат преку дистрибутерите на Волво и марката ќе ја користи продажната и сервисна мрежа на поважните пазари,“ стои во соопштението што го издаде Волво на 30-ти март.

Волво наведува дека одлуката има за цел да се искористат синергиските ефекти, преку вклучувањето на марката Линк енд Ко во своите комерцијални дејности и во својот пазарен настап.

Партнерството воедно му овозможува на Волво да ја надополни својата понуда од модели и да го прошири кругот на купувачи, наведуваат од Волво.

Двете марки се насочени кон различен круг купувачи и сегменти, што прави тие да бидат природни партнери за соработка, објаснуваат Швеѓаните.

Линк енд Ко, исто како Волво, дел е од групацијата Џили. Моделите на Волво и Линк енд Ко веќе се продаваат преку ист дистрибутер на одредени локации во Европа.

Линк енд Ко лани регистрираше 9.571 возила во Европа, што е раст во споредба со 5.991 возила во 2024 година.

За споредба, Волво во 2025 продаде 332.226 возила, наспроти 368.836 возила во претходната година.

Претходна објаваДизелот што се троши останува по иста цена, поевтинува бензинот што се троши петпати помалку
Следна објаваФиат додаде класичен бензинец со рачен менувач во гамата на 600

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here