Дизелот што се троши останува по иста цена, поевтинува бензинот што се троши петпати помалку

Според соопштението на Комисијата за енергетика од 30-ти март 2026 година, цената на дизелот не се менува, поевтинуваат единствено бензините, за коишто побарувачката е петпати помала.

Слика: ADAC

Цената на дизелот од вторник 31-ви март 2026 останува непроменета, со 95,50 денари за литар, што според барометарот на цени на Макпетрол и натаму е за 25,50 денари повисока во споредба со минимумот од 6-ти јануари годинава, додека поевтинуваат бензините за 2,50 денари за литар супер бензин и 3 денари за литар премиум бензин.

Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ) донесе одлука со којашто го смали трошокот за склад за половина денар по литар, од 1,70 на 1,20 денар, и раководејќи се според светскиот пазар, одреди максималните цени на бензините да се смалат за 2,50 денари за литар 95-октанско гориво и за 3,00 денари за литар 98-октанско гориво.

Наспроти тоа, максималната цената на дизелот останува непроменета и изнесува 95,50 денари за литар. РКЕ во соопштението наведува дека цената на бензините на светскиот пазар бележи намалување од 3,758%, додека кај дизелот има поскапување од 1,604%.

Во предвид се зема и слабеењето на курсот на денарот за 0,5414% во однос на доларот.

Од првата минута во вторник, цените на моторните горива по литар ќе изнесуваат:

  • Еуросупер 95 · 84,00 денари
  • Еуросупер 98 · 85,50 денари
  • Еуродизел · 95,50 денари

Дистрибутерот Макпетрол во минатата седмица реши на своите станици да ги смали цените на дизелот за три денари и на бензините за два денари. Оттаму уште ги немаат објавено промените во цените на својот вебсајт.

Имајќи го предвид натамошното влошување на ситуацијата на Средниот Исток и извесното поскапување на цената на суровата нафта, за очекување е дека новото ниво на цени во Македонија ќе се задржи краткотрајно и на јавноста ѝ се сервира погрешно уверување дека горивата поевтиниле.

Тоа може да се покаже како погрешна стратегија, во моментот кога цените на горивата ќе го покажат вистинското влијание од војната на Средниот Исток и ќе се случи драстичен раст.

Намалувањето на цената на бензинците засега само мал дел од возачките и возачите, како и од стопанството, имајќи ги предвид последните достапни податоци од Заводот за статистика, според коишто во август 2025 година, во Македонија биле увезени 13.757 тони моторен бензини, додека во истиот месец, увозот на дизел за транспорт достигнал 70.206 тони.

Според тоа, потрошувачката на дизел е повеќе од петпати поголема отколку потрошувачката на бензин, односно наводното поевтинување ќе го почувствува само мал дел од населението и стопанството.

Претходна објаваШкода со двојната стратегија бензин-струја ги претрка конкурентите
Следна објаваВолво ќе ги увезува и продава автомобилите на Линк енд Ко во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here