Безбедноста долго време им го засенуваше имиџот на производителите од Кина на европската сцена, што главно произлезе од навистина слабите резултати на моделите на Брилијанс на тестовите на Еуро НКАП во 2000-те години – во стилот на, добриот глас се слуша надалеку, а лошиот уште подалеку. Во меѓувреме, Еуро НКАП им признава високи стандарди за безбедност на производителите од Кина, барем што се однесува до Воја, премиум марката на Донгфенг.
Кинеските производители на автомобили повеќе не оставаат простор за нешто да им се забележи. Напредокот се забележува од модел до модел, не во вообичаената смисла на еволуцијата, меѓу автомобили од две различни генерации, туку од два модели од различен „датум“.
Донгфенг годинава изненади со воведувањето во својата понуда на првата премиум марка од производител на автомобили од Кина на домашната сцена. Воја е веќе дел од редовната понуда на овој производител, што постигна силен пробив на нашиот пазар со Фортинг Т5 Ево. Првиот модел што беше изложен во салон е Кариџ, „храбриот“.
Тоа е целосно електричен кросовер, којшто како врв во „премиумот“ располага со пневматска амортизација, и како шоу нуди средишен дисплеј што со помош на електромотор, по желба шета буквално од една на друга страна. Воја понатаму ќе додаде следни модели и ќе продолжи да го раздвижува пазарот.
Но, тоа што секогаш е подобро да го провери некој друг и верородстојно да го оцени, секако е безбедноста. Еуро НКАП е првата и единствена адреса што може да даде оцена за безбедноста на автомобилите, со своите ѕвезди.
Донгфенг знае да игра и премиум, првиот модел на марката Воја е во салон
Воја Кариџ веќе се појави на тестот на оваа организација, што обединува повеќе авто клубови и институции од европско тло. Конзорциумот реши да ја награди „храброста“ на Кариџ, што се изложи на сите видови проверки на безбедноста, со максималните пет ѕвезди.
(Видеото од краш-тестот во Еуро НКАП е во завршетокот на објавата)
Во продолжение, концизните заклучоци на експертите на Еуро НКАП за тестот на Воја Кариџ
- Патничката кабина на Воја Кариџ остана цврста при челниот судир со делумно поклопување (офсет)
- Отчитувањата од куклите (дамис) покажаа добра заштита на колената и карлицата, на возачот и на сопатникот
- Воја покажа дека силно ниво на заштита се постигнува за патници со различна градба и за патници што заземаат различна положба при седење
- Анализата на забавувањето на пречката што е во улога на второ возило во судирот, и анализата на деформабилната бариера по тестот, покажа дека Воја Кариџ не е опасен партнер при челен судир.
- На тестот со судар во крута пречка по цела ширина, заштитата беше добра за сите витални подрачја на телото на патник на задната клупа и примерна за возачот
- На тестот со странична бариера, заштитата на сите витални подрачја на делото беше добра. Сепак, при посилен страничен удар во столб, заштитата на градите можело да биде подобра, раководејќи се според отчитувањата за притисокот врз ребрата на куклата.
- Контролата на исфрлувањето (растојанието на коешто се отфрла телото кон спротивната страна на возилото, при удар отстрана) исто така е примерна
- Воја Кариџ располага со заштитни мерки за спречување на удар тело во тело при такви судири.
- Воздишната перница функционираше добро на тестовите на Еуро НКАП, со отчитувања од куклите што покажаа добра заштита на возачот и совозачот.
- Тестовите на предните седишта и потпирачите за глава покажаа добра заштита од повреди на вратот при удар на возило одзади
- Геометриската анализа на задните седишта исто така покажа добра заштита од повреди на вратот.
- Автомобилот располага со напреден систем еКол, што ги известува службите за брза помош при судир, како и систем за спречување возилото да предизвика понатамошен судир.
- Воја покажа дека вратите и прозорците може да се отворат за патниците да можат да излезат од кабината при потопување на возилото.
















