Хјундаи, Тојота, Стелантис ќе трпат големи последици од војната во Иран, предвидуваат аналитичарите

Иран е најголем пазар за автомобили во регионот и со своите 3 милиони продадени автомобили во 2025 година, учествува со 38 проценти во вкупната продажба во регионот.

Чери е трета најпродавана марка во Иран, со удел од 5% на пазарот и ќе трпи силни последици од воените судири
  • Воените судири во Иран ќе влијаат повеќе врз производителите на автомобили од Азија, ценат аналитичарите на Бернштајн
  • Истата студија предвидува дека кинеските марки ќе загубат најмногу поради запрениот извоз во Иран
  • Тојота веројатно ќе ја скуси продукцијата за 40.000 возила, поради загиженост околу снабдувањето во Средниот Исток
  • Зголемените цени на нафтата би можеле да ја погодат продажбата на автомобили

Корпорацијата Тојота Мотор, Хјундаи Мотор и кинеските производители ќе се соочат со растечки притисок, доколку се одолжат воените судири во Иран. Прекинатите поморски рути и растот на цените на нафтата се заканува да ја погоди продажбата на автомобили и надвор од Средниот Исток, проценуваат аналитичарите на Бершнтајн.

Делувањето на светските производители на автомобили на глобалната сцена во моментов не трпи големо влијание, но азиските марки имаат пообемно присуство на Средниот Исток, укажува студијата на Бернштајн.

Тојота учествува со 17 проценти во продажбата на автомобили на Средниот Исток, Хјундаи држи 10 проценти, додека на кинескиот Чери му припаѓаат околу 5 проценти од пазарот, покажува анализата од 4-ти март. Во Иран, главни чинители на автомобилскиот пазар се кинеските производители, првенствено Чери, Џангхуај, Хаинан и Чанган.

Традиционалните производители на автомобили главно не се присутни во Иран, поради санкциите. Иран е најголем пазар за автомобили во регионот и со своите 3 милиони продадени автомобили во 2025 година, учествува со 38 проценти во вкупната продажба во регионот.

Од европските производители, војната повеќе го погодува Стелантис, ценат во Бернштајн. Болна точка претставува растечката цена на нафтата, поради ограничениот транспорт на нафта.

Најголемата закана од војната во Иран е „колапсот на продажбата на автомобили“

Постојат три главни закани врз автомобилската индустрија, и тие се разликуваат од еден до друг производител.

Директна закана доаѓа од самата продажба во Иран. Следно, прекината е испораката на возила во целиот регион, што понатаму остава последици врз пошироката испорака и продажба на светските производители.

Марките што имаат силно присуство во регионот, како Тојота или Хјундаи, веројатно ќе трпат последици од тоа. Истото важи за производителите на скапи и спортски автомобили, на пример, Ферари.

Третата закана доаѓа од растот на цените на нафтата, поради ограниченото пропуштање на танкери низ Ормускиот Теснец. Растот на цените на нафтата може да остави последици врз производителите на автомобили, коишто вложија многу во моторите со внатрешно согорување.

Бернштајн предвидуваат дека судирите ќе се одолжат, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека војската ќе ја продолжи офанзивата сé додека не се исполнат целите.

„Во вакво опкружување, тековниот конфликт укажува на крајниот обем на последиците,“ порачуваат Бенштајн. „Најголема опасност е одолжувањето на воените дејства да предизвика понатамошно поскапување на нафтата и да ја поткопа довербата во глобалната економија, што ќе влијае врз продажбата и надвор од Заливот.“

Тојота соопшти дека го скусува производството поради загриженост околу снабдувањето

Во Иран, се очекува дека најголем удар ќе доживеат домашните производители и кинеските компании. Локалните производители Иран Кодро и САИПА владејат со иранскиот пазар.

Од поширок аспект, светските производители се соочуваат со опасност од намалување на продажбата на соседните пазари, како Саудиска Арабија, ОАЕ, Израел, Кувајт и други. Делувањето во регионот може да трпи последици од ограничениот транспорт. Тојота, Хјундаи и Нисан имаат високи продажби во регионот.

Тојота ќе го скуси производството за 40.000 возила, за да се осигура од можни прекини во логистиката во регионот на Средниот Исток, објави јапонскиот дневен весник Никеи.

Скусувањето ќе ги погоди главно Ланд Крузер и останатите големи СУВ, пишуваат Јапонците.

Во анализата на Бернштајн за последиците од конфликтот се опфатени и ризиците со коишто се соочуваат кинеските производители, на патот да го освојат светскиот пазар. Кина во изминатите години постигна голем раст во извозот и ја престигна Јапонија, како најголем извозник на автомобили во светот. Нејзините производители на автомобили продаваат во земји во развој и на пазари коишто им се премногу ризични на традиционалните производители од САД, Европа, Јужна Кореја или Јапонија.

Кинезите извезуваат сé повеќе возила на Средниот Исток.

Извозот на кинески автомобили во регионот во 2025 година достигна удел од 17 проценти, наведуваат Бернштајн. Производителите на автомобили од Кина лани испорачале околу 500.000 возила во регионот.

Џангхуај, САИЦ (МГ), Чери, Чанган и Грејт Вол се соочуваат со најголеми ризици, наведуваат Бернштајн.

Претходна објаваДачиа најави комби модел Страјкер, голем колку Бигстер
Следна објаваКанада ќе им постеле црвен тепих на Корејците за да се градат фабрики за автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here