Со новата Дачиа Страјкер, романската марка ја проширува својата понуда во компакт класата, односно во Ц-сегментот. Таму веќе има еден модел, Бигстер. На големиот СУВ ќе му се придружи втор модел во таа класа, но тоа нема да биде СУВ, ниту лимузина или комбилимузина, туку класично комби.
Марката на групацијата Рено го осмисли моделот како лајфстајл возило, што ги соединува предностите на комби, кросовер и комбилимузина, а притоа е способно и за излети надвор од асфалтот, благодарение на зголеменото растојание од подлогата.
Страјкер се развиваше во рамките на проектот со име Ц-Нео и ја користи истата техника како Дастер и Бигстер. Новиот Стајкер во понудата на Дачиа ќе биде на исто рамниште како Бигстер. Тоа значи дека на купувачите што имаат буџет и за возило од друга марка, но се решаваат за противвредноста на Дачиа, им се нуди од една страна класичен СУВ, од друга малку различно комби.
Името е со силна симболика
Изборот на името ја продолжува стратегијата на именување на моделите на Дачиа. Исто како Дастер, Џогер или Бигстер, името на новиот модел Страјкер завршува на -ер.
Страјкер доаѓа од англискиот збор страјк, односно од неговото значење како поим за совршен погодок во куглање, кога се соборуваат сите кегли. Тоа е воедно и мисијата на Стајлер, да погоди точно каде што треба.
Донгфенг веќе нуди модел сличен со најавениот Страјкер
Подробните технички податоци околу моделот, Дачиа ќе ги соопшти на 10-ти март. Со должината од 4,60 метри, Страјкер се сместува точно во јадрото на конкурентската битка. Каросерискиот концепшт се разликува од обично комби, но и од Џогер, којшто првенствено е изведен за да понуди колку е можно повеќе простор.
Како лајфстајл модел, Страјкер нема да се нуди со седум седишта, како што тоа е случај со Џогер. Може да се очекуваат и луксузни ставки во опременоста, како електрично местење на седиштата, проекциски дисплеј или сончев покрив.
Техничката основа ја дава платформата ЦМБ-Ф на групацијата Рено. Посебно ќе биде интересна изведбата со хибриден погон со системски 155 КС, за којашто Дачиа тврди дека минува до 60% од циклусот ВЛТП во електричен режим. Тоа е оптимистички, процентот веројатно се однесува на активноста на електромоторот, вклучувајќи го патот минат во комбинирана работа со бензинецот. Овој погон вклучува автоматски менувач со двојна спојка.
Се претпоставува дека во понуда ќе биде и изведба со 48-волтен благ хибриден погон и традиционалната изведба со погон на автогас за романската марка.
Имајќи предвид дека Страјкер цели кон повисокиот ценовен сегмент, може да се очекува и изведба со погон на сите тркала, каде што за погон на задната оска се грижи електромотор. Не се користи класично карданско вратило и тоа ја зголемува ефикасноста.
Страјкер веројатно ќе биде поскап од Бигстер, којшто на македонскиот пазар стартува од 25.590 евра.
















