Мерцедес-Бенц слави два милиони користени автомобили проверени од фабрика

Мерцедес-Бенц во 2009 година ја започна програмата за продажба на користени возила во Германија, што се проверени според најстроги мерила и производителот стои со сертификат зад нивната исправност.

Штутгарт ги води користените возила од својата марка, зад чијашто исправност стои фабриката, како „Млади Ѕвезди“. Досега се испорачани два милиони користени возила со печат од Мерцедес-Бенц.

Два милиони Млади Ѕвезди се пуштени да ја чуваат честа на Мерцедес-Бенц во Германија. Симболично, славеничкиот автомобил е електричен Е Ку Б и сигурно не случајно, испорачан е во Минхен, градот на најжестокиот соперник БМВ.

„Јунге Штерне“ несомнено им се познати на германските возачки и возачи, но и надвор од Германија, покрај двата милиони возила што ја заслужиле оваа титула на Мерцедес-Бенц. Програмата започна во 2009 година и достапна е само во Германија. Главната замисла беше купувачите да имаат доверба дека возилото што го купуваат е во солидна техничка состојба и има уште многу километри и години за возење.

Титулата „Млади Ѕвезди“ ја понесуваат само возила што беспрекорно ќе го минат најстогиот технички преглед во сервисните работилници на Мерцедес-Бенц, далеку пообемен отколку при редовен технички преглед при регистрација. Со овие возила се добива и двегодишна гаранција за користено возило. Таа може со доплата да се продолжи до пет години.

Младите ѕвезди добиваат и 12-месечна помош на пат, печат за технички преглед со важност од најмалку 21 месеци, а понатаму и сигурност дека во одредени позиции нема да бидат потребни зафати, гаранција за километражата и право да се замени возилото во рок до 14 денови.

Како што низ годините се зголемуваше продажбата на електрични возила, денес тие возила постепено се појавуваат на пазарот на користени возила. Секако, тоа што најмногу ги засега возачите со намера да купат електричен автомобил е исправноста на погонската батерија. Младите Ѕвезди со погон на струја, што ќе бидат проверени во Мерцедес-Бенц, ја нудат истата сигурност како нивните сестрински модели со класичен погон.

Во Германија постојат преку 400 партнери што посредуваат за Јунге Штерне, со преку 1.200 обучени продавачки и продавачи, посебно за оваа понуда. Тоа обично се возила што се враќаат од лизинг или финансирање, фабрички возила, возила од вработени во концернот и возила што се заложени при купување нов автомобил.

Вакви ѕвезди има и меѓу доставните возила на Мерцедес-Бенц, вклучувајќи и електрични.

Мак Аутостар во Македонија, покрај повеќедецениското застапување на Мерцедес-Бенц, веќе неколку години е активен и со продажба на користени возила со слични сертификати како „Младите Ѕвезди“, како дополнителен бизнис. Врска до https://premiumused.mk/

Претходна објаваОпел Фронтера Хибрид · Краток тест · Чекор назад за два чекори напред
Следна објаваНајпродавани електрични автомобили во Европа во јануари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here