Белгиското кулинарство ужива висок углед во светот, со двојно пржените компирчиња, секако со белгиските чоколади во сета нивна разновидност, со вафлите, но и со кечапот, посебно кога се работи за производите на Бриселс Кечап. Пежо оствари несекојдневна соработка со компанијата и пушти ограничена серија од ексклузивниот кечап, со лавот на француската марка.
Пежо и Бриселс Кечап се зружија, за на светот заеднички да му понудат уште едно уживање. Од таа соработка произлезе кечап на чијашто амбалажа јасно се распознава лавот на Пежо, и стои текст „Сос со екстра кик“, во смисла на екстра-зачин.
Од широката понуда од производи беше избран сосот Далас, којшто е ценет поради посебните зачини и препознатливиот вкус што тие го создаваат. Бриселс Кечап е водечки производител на кечап во Белгија, којшто користи сопствени рецепти и во голема мера е од природни состојки.
Компанијата работи од 2013 година и ценета е поради строгиот избор на суровини, што потекнуваат од Белгија и од Европа. Главниот двигател на бизнисот е вкусот.
Во отмените ресторани ширум Белгија е вообичаено да се сретнат производите на Бриселс Кечап, како Кетјеп, Мајо, Брава, Каубој, Мостоед, 16-20, Ред Девилс и специјалниот сос Далас. Фирмата извезува ширум светот, до Дубаи и Австралија, продава во лондонски Херодс и во Ла Гранд Еписери во Париз.
Сос Далас има слатко лут вкус, со примеси на пржен кромид. Магазинот Далас посвети објава на две страници, објаснувајќи им на своите читатели во САД, зошто Далас е големо име меѓу сосовите во Белгија.
Пежо порачува дека количините се мошне ограничени. Редовната цена на Далас на вебсајтот на БК е 4,39 евра, за пакување од 300 милилитри, по нашки 270 денари.
















