Фолксваген ослободен од царина за електричните автомобили што ги произведува во Кина

Купра Таваскан е прв електричен автомобил што се произведува во Кина и за него се укинуваат казнените царини на ЕУ.

Купра Таваскан започна со продажба кон завршетокот на 2024 година. Таваскан учествува со 11 проценти во вкупната продажба на Купра.

Европската Унија ќе поштеди од казнени царини еден од електричните модели што концернот Фолксваген ги произведува во Кина и тоа ќе биде првиот модел што доби одобрение во рамките на новиот механизам, којшто има за цел да ги смири трговските тензии.

Европската Комисја соопшшти дека го прифатила барањето од огранокот на Фолксваген во Кина, за компактниот СУВ-модел Купра Таваскан да го продава по или над предложената минимална увозна цена.

Фолксваген исто така се обврза да го ограничи бројот на возила што ќе ги увезе и ќе издвои значителна сума во проекти што се насочени кон батериски електрични автомобили во ЕУ, стои во објавата на Комисијата. За возврат, Фолксваген ќе биде ослободен од дополнителната царина во висина од 20,7 проценти, што ЕУ ја воведе за моделот во 2024 година.

Таваскан беше изложен на дополнителна царина во висина од 20,7 проценти, покрај постоечките 10 проценти за увоз од Кина, откако ЕУ во 2024 година воведе казнени царини за електрични возила што се произведуваат во Кина. Зголемувањето на царините имаше за цел да го обрани пазарот од увозот на електрични возила по пониски цени од реалните, откако Унијата оцени дека производителите во Кина добиваат превисоки субвенции од Пекинг, за тие да можат поевтино да ги извезуваат своите автомобили.

Одлуката на Комисијата е донесена на 9-ти февруари и објавена е во службениот весник на ЕУ.

Ослободувањето од царини веројатно ќе ја зголеми маржата на Фолксваген, којашто беше значително смалена со досегашната структура на царините. Германскиот концерн има вложено милијарди долари во фабриката во Анхуеј, каде што се произведува Таваскан. Сеат и Купра пријавија пад од 96 проценти во оперативниот профит од 16 милијарди евра во првите девет месеци од 2025 година, меѓу другото и поради царините за Таваскан.

Од Таваскан, чијашто продажба започна кон завршетокот на 2024 година, во минатата година беа продадени 36.000 возила, што претставува 11 проценти од вкупната продажба на Купра.

Корист и за кинеските марки што извезуваат во Европа

Фолксваген е прв што постигна договор со ЕУ во рамките на новите правила за минимална цена, што на производителите им овозможуваат да поднесат барање за ослободување од царини, за секој електричен автомобил што се произведува во Кина и што треба да се продава во Унијата. Тоа ќе им биде од корист и на останатите производители, како Би Уај Ди, што бараат начини да го зголемат извозот во Европа.

Купра Терамар 2.0 ТСИ · Тест · Второто Ауди

Претходна објаваФолксваген очекува 6 милијарди евра од продажбата на Еверленс
Следна објаваВнукот на Џани Ањели, Џон Елкан, нема да се извлече со општокорисна работа за даночната измама

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here