Порше со нов дизајнер, Тобијас Зилман на местото на Михаел Мауер

Со Тобијас Силман, Порше постави ѕвезда од сцената на спортските автомобили да раководи со дизајнот на германската марка.

Бугати, Астон Мартин, Бентли, Мекларен: Тобијас Зилман (лево) се разбира од спортски автомобили. Тој е новиот главен дизајнер на Порше, на местото на Мауер (десно)

Порше направи генерациска смена во дизајнерскиот тим. Досегашниот главен дизајнер Михаел Мауер, 63-годишен, му го препушти своето место на цртачката табла на 15- години помладиот Тобијас Зилман. Тој веќе има стекнато врвни искуства во светот на спортските автомобили и воедно се цени како „ екстремен автомобилски фан.“

Еден од „младите“

Во стручните кругови, Зилман се спомнува како дизајнер од рангот на големците Марк Лихте (поранешен дизајнер во Ауди), Горден Вагенер (поранешен дизајенр во Мерцедес и на самиот Михаел Мауер. Тој ѝ припаѓа на новата генерација дизајнери.

Роден во втората половина на 1970-те години, Зилман спаѓа меѓу „помладите“ ѕвезди во светот на спортските автомобили. Таму се уште Домагој Дукец, главен креативец во Ролс Ројс или Митја Боркерт, кој раководи со Чентро Стиле на Ламборгини.

Исто како повеќето од своите колеги, Зилман има студирано на Форцхајм. Тој дипломираше во 2005 година на катедрата за дизајн на возила и со тоа го постави темелот на својата успешна кариера.

Првото работно место му беше во Фолксваген

Веднаш по студиите, тој почна да работи за концернот Фолксваген и ги стекнуваше своите први искуства во дизајнерските центри во Потстдам и Волфсбург. Во 2007 година, Зилман преоѓа во марката Фолксваген и учествува во дизајнирањето на неколку важни модели на марката. Меѓу нив спаѓаат Артеон, Туарег и бројни студиски автомобили, како Голф ГТЕ Спорт Концепт.

volkswagen arteon porsche makedonija
Фолксваген Артеон во Порше Македонија во 2017 година

Меѓународната кариера му почнува во 2017 година, кога на свои 38 години почнува да работи како главен каросериски дизајнер во Бугати. Тоа беше голем скок во светот на суперексклузивните модели со врвни перформанси.

Успеси во Велика Британија

Понатаму следат раководни места надвор од концернот Фолксваген, односно во Астон Мартин, а потоа и во Мекларен Аутомотив, каде што Зилман од местото на главен дизајнер за посебни проекти, работи меѓу другото на Мекларен Солус ГТ. Тоа беше радикална студија на едноседен хиперавтомобил за тркачка патека.

Бентли Батур

Во 2021 година, тој се враќа во германскиот концерн, но пак ѝ останува посветен на Велика Британија. Во почетокот, тој работи на надворешниот дизајн на Бентли и има голем удел во дизајнирањето на гран-турерот Бентли Батур, што се изработи во мала серија. По две години, тој стана главен дизајнер.

Двапати во Мекларен

Како наследник на денешниот главен дизајнер на Фолксваген, Андреас Минт, тој во Кру раководеше со тим од 50 врвни дизајнери и работеше на новиот корпоративен дизајн. По само неколку месеци, тој се врати во Мекларен Аутомотив, како главен дизајнер.

Зилман таму доби задача да развие нов дизајн на британската спортска марка, што ќе биде повеќе ориентиран кон иднината. „Мекларен е мојата работа од соништата“, кажуваше дизајнерот тогаш. На неговиот профил на инстаграм, сепак има само две слики со Мекларен, остатокот главно се Астон Мартин.

Лајтерс и Зилман станаа колеги во иста марка

Во Мекларен, Зилман првпат се среќава со својот денешен шеф. Новиот извршен директор на Порше, Михаел Лајтерс, во летото 2022 година го презеде кормилото во Мекларен. Тие повторно работат заедно, но сега во Цуфенхаузен.

Стилот на Зилман важи како фуинкционален, атлетски, а пак емотивен. Тој вели дека добар дизајн мора да умее повеќе отколку да биде само чиста површина – формата треба да произлегува од функцијата и да оддава карактер.

Голема традиција во дизајнот

Во Порше, Зилман го чекаат најубавите и во исто време најтешки предизвици. Додека неговата задача во Мекларен беше да воспостави поголема разлика во изгледот од модел до модел, тој во Порше мора да ја почитува традицијата во дизајнот.

Претходна објаваДонгфенг понуди свежо осмислен кросовер со Шајн ГС
Следна објаваБМВ одбележа 40 години на фабриката во Регенсбург, рекорд за јубулејот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here