Според неофицијални податоци, на македонскиот пазар во 2025 година биле регистрирани вкупно 7.324 нови автомобили и комбиња, што претставува раст од близу два проценти од 2024 година.
Вкупно 949 нови патнички и доставни возила се регистирани на македонскиот автомобилски пазар во завршетокот од минатата година. Очекувано, Пежо е шампионската марка во декември, со регистрирани 132 нови возила. Покрај редовната продажба на марката, во овој месечен биланс влегуваат испорачаните возила Пежо 408 за македонската полиција.
На второто место на најпродавани марки е името што често во текот на изминатата година се појавуваше на највисоките позиции: Од марката Шкода во декември се регистрирани 112 нови автомобили.
Третото место ѝ припаѓа на Тојота, за водечката петорка да ја заокружат Фолксваген со 71 и Ситроен со 50 патнички автомобили.
Доставните возила учествуваат со 124 регистрации во декември. Таму се водечки Ситроен и Опел со по 32 возила, пред Фиат (14), Дачија (8) и Пежо (7).
Македонскиот пазар ја заврши годината со вкупно 6.370 нови патнички возила и 954 нови доставни возила. Во споредба со 2024 година, кога биле регистрирани 7.202 возила (6.203 патнички и 999 доставни возила), пазарот лани пораснал за 1,7 процент. Пазарот опаднал кај доставните возила (-4,7%), односно пораснал кај патничките возила (+2,7 проценти).
Тестот на моделот што ќе го врати Фиат меѓу најпродаваните
Според неофицијални податоци, најпродаван модел лани била Шкода Камик, со раст од 21,5% и скок од две места од 2024, следна е Шкода Октавија (+8,1%), третото место ѝ припаѓа на Тојота Корола (+27,6%), четврти е Ситроен Ц3 (+13,4%), по него е Рено Клио (+23%). Најпродаваниот нов модел во 2024 година, Киа Спортаж, следи на шестото место.
















