Од Златен Волан до најдобар избор за парите: Наградите на Опел во минатата година

Фронтера, Грандленд и електричната Мока ГСЕ беа најтрофејните модели на Опел во минатата година, со бројни освоени титули на меѓународната сцена.

Најголемата гордост на Опел секако е Златниот Волан за електричната Мока ГСЕ, победничка во категоријата на малечки автомобили.

СУВ-моделите на Опел ги освоија и купувачите и експертите, со титули за новите Фронтера и Грандленд, како и за спортската изведба на Мока со електричен погон и со ознака ГСЕ, што се повикува на историјата на германската марка. Опел убедува и со новите технологии, овојпат со награда за приспособливите Интели Лукс со висока резолуција во знаменосецот Грандленд.

Во Опел, 2025 беше година на „ОМГ! ГСЕ“, со наежена кожа, брзина и електрични емоции. Главната актерка во таа насока беше новата Опел Мока ГСЕ. Таа уште од првото појавување пред светот за време на салонот ИАА Мобилност во Минхен, остава впечаток и кај експертите и кај купувачите.

Резултатот се огледа во освојувањето на важната титула на Златен Волан за 2025 година. Но, успесите не завршија тука и не се сведоа исклучиво на еден модел. Целото обновено трио од СУВ-модели, со Мока, Грандленд и Фронтера, освојуваше награди ширум Европа. Сцената ги поздрави дизајнот на новодојденците, но и напорите на марката Опел да ја направи новата технологија да биде подостапна за широк круг купувачи.

Новата Мока ГСЕ: Златен Волан за најбрзиот сериски Опел со електричен погон

Во минатата пролет, Мока се појави на сцената со освежен стил и помодерен настап, меѓу другото и со нови бои. Но, вистинското изненадување следеше кусо потоа. Опел прво се јави со новата Опел Мока ГСЕ за рели. Електричниот болид за рели, што ја замени Корса Електрик во нејзината улога во предизвикувачката категорија на мотоспортот, користи електричен погон со моќност од 281 КС и вртежен момент од 345 њутнметри. Тоа е прво тркачко возило што е развиено според новиотправилник за еРели5.

Менаџерите на Опел имаа и дополнителен план и намерата за возачкото чувство во рели-Моката да ја пренесат на секојдневните патишта, ја остварија со пуштањето во продажба на новата Мока ГСЕ. Нејзината моќност е иста како кај тркачкиот болид и со 200 км/ч е досега најбрз електричен Опел од сериско производство. По само неколку недели од премиерата на ИАА во Минхен, Опел Мока ГСЕ го освои Златниот Волан, во конуренција на малечки автомобили.

Читателите на Ауто Мотор унд Шпорт ги ценат сите моделски изведби на Мока, не само електричната ГСЕ. На 25-то доделување награди Аутонис, тие дадоа најмногу гласови за Опел Мока, во категорија на новитет со најдобар дизајн, во конкуренција на малечки СУВ и кросовери.

Опел Грандленд: Награда од Драјвинг Вижн Њуз за светлата Интели Лукс ХД во врвниот СУВ

Победоносен беше и Опел Грандленд. Откако во 2024 година ја освои титулата на Златен Волан, тој во минатата година продолжи да ниже успеси. Читателите на Драјвинг Вижн Њуз дадоа најмногу гласови за светлата Интели Лукс ХД, што не го заслепуваат сообраќајот отспротива. Светлата се состојат од преку 50.000 елементи и со тоа се овозможува висока резолуција на светлосниот сноп, што се приспособува според условите.

Посебноста на Интели Лукс ХД е менувањето на силината на светлата кога зраците се одбиваат од мокар пат, но и од сообраќајни знаци, за на тој начин помалку да се напрегаат очите на возачите. Експертите оценија дека Опел Грандленд има најдобри предни светла.

Добри оцени доби и електричниот погон во Грандленд, дури и пред Опел да ја пушти новата изведба со досег продолжен на 694 километри, и воедно прв електричен модел со погон на сите тркала. Грандленд Електрик уште во мај победи во британскиот избор на модели што се најпогодни за големи возни паркови, во категорија на електрични СУВ од средна класа. Годинава, Грандленд продолжи во истата насока и прогласен е за Најдобар службен автомобил во средната класа во Британија.

Опел Фронтера: Достапен семеен СУВ со место за седуммина

Третиот, но подеднакво важен модел во СУВ-триото, Фронтера, не остана без награди. Практичниот, достапен и семеен СУВ убедуваше насекаде. Тоа му успеа, од една страна, со електрификацијата во сите погонски изведби, од благ хибрид, до целосно електричен модел, со седиштата Интели, со полицата за паметен телефон и можноста да се нарача со седум седишта.

Соодетно на тоа, членовите на британскиот Њуз Мотор Авордс 2025 ѝ доделија на Фронтера титула на Најдобар избор за парите, посебно укажувајќи на достапноста на електричната верзија. Уште една награда следеше во Хрватска, како и во бугарската варијанта на Ауто Билд, како најдобар компактен СУВ.

Претходна објаваВо декември продадени близу 1.000 нови возила во Македонија, Пежо прв
Следна објаваДонгфенг знае да игра и премиум, првиот модел на марката Воја е во салон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here