Шефовите на германските производители на автомобили ја поздравуваат спогодбата меѓу ЕУ и Индија

Врвните менаџери на германските производители на автомобили, Фолксваген, БМВ и Мерцедес-Бенц искажаа позитивни ставови околу спогодбата за слободна трговија меѓу ЕУ и Индија.

Центарот на Мерцедес-Бенц за истражување и развој во Индија е отворен уште пред 30 години

Во спогодбата што беше склучена во вторникот, меѓу другото е договорено царините за увоз на автомобили од Европа во Индија да се спушти од сегашните 110 проценти на 10 проценти.

„Во Индија гледаме потенцијал за Фолксваген и ќе ѝ се посветиме на оваа спогодба,“ реагира шефот на Фолксваген, Оливер Блуме. Тој додаде дека ги поддржува сите иницијативи за трговска спогодба во региони ширум целиот свет.

Шефот на Мерцедес-Бенц, Ола Калениус, исто така ја поздрави трговската спогодба. „Секој чекор во насока на отворање на пазарот и зајакнување на трговијата е позитивен за Германија.“

Извршниот директор на БМВ, Оливер Џипсе, укажува на значењето на спогодбата за Германија. „За земја што е ориенирана кон извоз како Германија, ова е од големо значење.“

Увозните царини се намалуваат, но останува квотата што го ограничува увозот на 250.000 автомобили. При надминување на квотата, се наплаќа друга царинска стапка.

Бројни европски производители веќе имаат масивно присуство и локално производство во Индија, првенствено Шкода и Ситроен.

Претходна објаваБАИК лани продаде преку 1,7 милион автомобили на светскиот пазар
Следна објаваВо декември продадени близу 1.000 нови возила во Македонија, Пежо прв

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here