Шкода трета најпродавана марка во Европа, меѓу ретките марки со раст лани

Секој 4-ти автомобил што Шкода го продала лани има приклучок за полнење, било да станува збор за приклучни хибриди, било за целосно електрични модели. Со близу 10% од европскиот пазар, Чесите се искачија на 3-то место. Октавија традиционално најпродаван модел.

Шкода во минатата година ја зголеми продажбата на светскиот пазар за 12,7%, двојно повеќе електрични возила.

Шкода Ауто во 2025 година испорача 1.043.900 возила (+12,7 %) на светскиот пазар, што е највисока продажба од пандемијата наваму. Во Европа (ЕУ27+4), Шкода продаде 836.200 возила (+9,9 %) и со тоа првпат се најде на 3-то место на најпродавани марки.

Голем придонес за тоа има високата побарувачка за батериските и приклучните хибридни модели. Секоја 4-та продадена Шкода (25,7%) лани, поседува приклучок за полнење.

Млада Болеслава убедува и во конкуренција на електрични марки, со Елрок и со Енијак, чијашто силна продажба ја донесe марката на 4-то место на најпродавани ЕВ-марки во регионот.

Германија е најголем пазар на Шкода, дури потоа следи домашниот пазар

Со продадени 211.100 возила и раст од 12,8%, Германија и натаму е најголем пазар на Шкода. Втора е Република Чешка, трето Обединетото Кралство, и понатаму Индија и Полска.

Најпродавани модели се Октавија, Кодиак, Камик, Фабија и Карок. Вродува плод и ширењето на присуството низ светот. Во Индија се продадени двојно повеќе возила (70.600 примероци, +96,1 %), додека во Виетнам започна производство на Славија и Кушак за тамошните пазари.

Годинава се чекаат два нови модели, двата електрични. Градскиот кросовер Епик и СУВ-седумседот Пик им се придружуваат на Елрок и Енијак.

Шефот Клаус Целмер вели дека Шкода не продава само возила, туку нуди „проверена мобилност, достапна технологија и квалитетни услуги во целото корисничко искуство.“

Шкода е трета најпродавана марка и тоа е „место што таа ќе го брани и чува во следните години“, стои во соопштението од чешкиот производител.

На европскиот пазар, лани во Германија се испорачани 211.100 возила, што е за преку 24.000 возила повеќе во споредба со ’24. Домашниот пазар на Шкода е втор по големина, со 91.800 возила (+7.300 возила), трето е Обединетото Кралство (83.300; +4.600), следат Полска (65.200; +3.800) и Франција (50.800; +5.200).

Најголем раст бележат Данска (+6.800) и Холандија (+5.900). Производителот не наведува дали тоа се должи на електричните модели, затоа што овие две земји се меѓу поголемите пазари за БЕВ.

Чесите ја туркаат електромобилноста, 4-та марка во Европа, Елрок втор најпродаван БЕВ

Во испораките на батериски електрични возила (БЕВ), води Германија (51.000; +106,6 %), пред Данска (16.700; +191 %) и Холандија (15.100; +300 %). Во Чешка се испорачани 6.000 БЕВ (+245,7 %).

Еден од секои 4 продадени автомобили (25,7%) на Шкода во Европа лани е приклучен хибрид или електромобил. Елрок е втор најпродаван БЕВ во Европа, односно е прв на одделните пазари во Чешка, Данска, Холандија и Словачка.

Од новиот компактен СУВ-модел со електричен погон Елрок лани се продадени 95.300 примероци на европскиот пазар, што му донесе второ место на најпродавани модели на пазарот на БЕВ.

Компактниот СУВ на струја, што со цената и перформансите е споредлив со класичниот Карок, во Германија, Австрија и Швајцарија е меѓу Топ 3 БЕВ-модели. Големиот Енијак е 7-ми најпродаван БЕВ во Европа, односно е во Топ 3 во Чешка, Финска, Швајцарија, Австрија и Словачка.

Со одлична продажба на своите БЕВ модели, Шкода лани постигна удел од 6,8% на пазарот на овој вид погон, односно е 4-та најпродавана електро-марка.

Октавија најпродавана, двојно зголемена продажба на БЕВ и хибриди

Од Октавија во минатата година се испорачани 190.300 возила, што е пад од 11,8 проценти. Тековната генерација што е на пазарот од 2020 година, неодамна надмина 1 милион продадени примероци. Славеничниот примерок беше испорачан на домашен купувач. По неа следат Кодиак (130.400 возила), Камик (125.900) и Фабија (119.100).

Двата вида електрифициран погони, БЕВ и ПХЕВ, лани привлекоа 218.700 купувачи во Шкода, што е повеќе од двојно зголемување (+117,5%). Од нив, 174.900 возила се БЕВ, преостанатите 43.800 возила се приклучни хибриди.

Откако стартуваше моделската серија во 1996 година, Шкода досега има продадено 7,6 милиони примероци од Октавија; Тековната генерација неодамна достигна 1 милион произведени возила

Освојување нови пазари ширум светот, рекорд во Индија, раст во Турција и северна Африка

Задачата на Шкода да освојува нови пазари ширум светот вроди плод. Во Индија е постигнат рекорд со 70.600 испорачани возила, и раст од 96,1 проценти. Тамошниот пазар, што многумина го препознаваат како следна „Кина“ посебно го бара локално произведуваниот СУВ-модел Кајлак, со големина слична со европскиот Камик.

Шкода пробива и на пазарот во Југоисточна Азија

Во Виетнам во соработка со Тан Конг Група лани започна монтажа на Славија и Кушак од готови модули (ЦКД). Шкода стартуваше и со продажба на пазарите во Саудиска Арабија и го засилува своето присуство на Блискиот Исток.

Покрај тоа, растат испораките на Шкода во Турција (45.100; +6,8 %) и северна Африка, посебно во Мароко (6.000; +37,1 %) и Египет (5.300; +32,9 %).

Претходна објаваГерманија најави до 6.000 евра субвенција за електрични автомобили
Следна објаваНовиот шеф на Порше пред многу предизвици: Кратење трошоци, Кина, старт од ново

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here