Фолксваген планира да заштеди милијарда евра во производството

Фолксваген планира преку новата структура на марките во концернот да ги скуси производствените трошоци за 1 милијарда евра до 2030 година.

Концернот Фолксваген ги скусува трошоците во целата своја производствена мрежа. На сликата е производството на Голф во Волфсбург.

Плановите што ги претстави шефот на групата од големоволуменски марки на концернот, Томас Шефер, опфаќаат заштеда од 600 милиони евра во трошоците за персонал и уште 40 милиони евра во самото производство, вклучувајќи засилено користење заеднички платформи, наведуваат извори.

Мерките за скусување на трошоците се дел од пошироката програма за штедење што ги опфаќа сите големоволуменски марки на концернот.

„Итно е потребно значително засилување на синергијата, со цел да се постигнат целите“, изјавија извори.

Групата од големоволуменски марки ги вклучува ФВ патнички автомобили, Сеат и Купра, Шкода и Фолксваген доставни возила.

Регионален надзор над производтсвената мрежа

Според новата структура, фабриките за производство на концернот ќе бидат под регионален надзор, место како досега за нив да одговара одредена марка.

Во таа насока, направени се поделби на пет региони ширум светот: Централна Европа, каде што спаѓа и Германија, потоа Иберискиот Полуостров, Источна Европа/Индија, Северна Америка и Јужна Америка. Во Шпанија и во Португалија веќе се работи на новата структура.

Одговорноста за Кина ќе остане под корпоративно ниво.

Во интервју во декември, директорот за продажба на марката Фолксваген, Мартин Зандер, изјави дека реструктрирањето има за цел да се зголеми ефикасноста насекаде.

„Работејќи на трошоците, покрај тоа што ја зајакнуваме нашата конкурентност, ние во исто време ги забрзуваме процесите.“

Извршниот директор на концернот, Олиивер Блуме, исто така изјави во декември дека производителот ќе го скуси својот петогодишен план за инвестиции на 160 милијарди евра, поради тоа што забавениот прилив на готовина условува построга контрола на трошењето.

Фолксваген очекува чистиот готовински прилив за 2025 година да биде под 500 милиони евра и реагира на тоа со издвојување на проекти што се од поголема важност, додека воведува напори да ги смали трошоците што доаѓаат од електричните возила, софтверот и автопилотираното возење. Инвестициите сe повеќе се сведуваат на Германија и Европа.

ИД Поло, на сликата прикажан во маскирана претсериска изведба, ќе стартува со цена под 25.000 евра, за електричните модели на Фолксваген да допрат до поширок круг купувачи

Достапни електрични модели и снабдување со чипови

Фолксваген ја престигна Тесла како најголем продавач на батериски електрични возила во Европа, во текот на првите 10 месеци од 2025 година. Електричните модели лани учествуваа со 18,4 проценти во продажбата на ФВ во Европа, наспроти 12,3 проценти преклани.

Целосно електричниот ИД Поло, што стартува годинава, ќе има почетна цена под 25.000 евра. Автомобилот е доказ за делотворноста на стратегијата на Фолксваген за скусување на трошоците, пркеу користење заеднички компоненти со останатите марки и модели на концернот.

Тактиката е, новите технологии и функции прво да се воведат во поскапите моделски серии, што откако ќе се исплатат во одреден дел, може понатаму да се вградуваат и во поедноставните и поевтини моделски серии.

На саемот за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас, Фолксваген го прошири своето партнерство со Квалком, за да обезбеди долгорочно снабдување со полупроводници и технологии на вештачка интелигенција, ширум целата своја гама од модели. Тоа вклучува и инфо-забавни системи преку дигиталната шасија Снепдрагон на Квалком.

Претходна објаваЕлектричната Киа ЕВ2 чини под 30.000 евра, годишно по 100.000 возила
Следна објаваМИНИ јавува за успешна година, продаде преку 100.000 електрични автомобили лани

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here