
Жирито на изборот за Автомобил на 2026 година во Европа го избра електричниот Мерцедес-Бенц ЦЛА за најдобар од сите новитети што пристигнале на автомобилската сцена во претходните 12 месеци.
Највредната награда за автомобил во Европа им беше врачена на менаџерите на Мерцедес-Бенц на првиот голем автомобилски собир годинава, на салонот во Брисел.
Според жирито, ЦЛА обединува впечатлив иозглед, напредни безбедносни функции и динамични перформанси, со што поставува нови мерила во својата класа.
Штутгарт го цени својот ЦЛА како најинтелигентен и најфлексибилен модел на Мерцедес-Бенц во историјата, што секое возење го претвора во посебно доживување.
Предизвикот за конструкторите на Мерцедес-Бенц ЦЛА беше и покрај силната технологија да се задржи чувството на „гостопримливост“ што е својствено за моделите со сребрената ѕвезда
Купе-лимузината во новата генерација поставува мерила со напредните технологии, штедливоста и дизајнот. Тоа почнува со новата генерација на сопствениот оперативен систем МБ.ОС, своевиден автомобилски „виндоус“, и достигнува врв со инфо-забавниот систем МБУКС, којшто комуницира со возачот и патниците преку вештачка интелигенција.
Целосно електричната изведба во соодветната изведба постигнува досег до 792 километри, што е споредливо со модел со мотор со внатрешно согорување. Кога батеријата треба повторно да се полни, на дело се покажува 800-волтната технологија, што за 10 минути ја полни батеријата за 325 следните километри пат.
ЦЛА стартуваше со продажба во Европа во средината на минатата година и уште во почетокот на 2026 година се очекува да се појави и на македонската сцена. ЦЛА наскоро ќе почне да се продава и во САД.
Мерцедес ЦЛА во новата генерација наскоро во Мак Аутостар, доаѓа со нов хибриден погон
Како што претходно соопшти Штутгарт, побарувачката за новиот модел ги надмина очекувањата. Книгите со нарачки се полни до длабоко во втората половина од годината, што значи дека за секоја нарачка сега, ќе треба да се чека најмалку до завршетокот на следното лето.
Наградата е од големо значење за Мерцедес-Бенц покрај фактот што компанмијата годинава одбележува 140 години иновирање, откако Карл Бенц го патентираше првиот автомобил на светот во 1886 година.
Жирито на изборот на автомобил на годината во Европа се состои од 59 експерти од 23 држави. Мерцедес-Бенц ја извојува победата со освоени 320 бодови од жирито, во конкуренција на шест модели што влегоа во финалето. Вкупно 35 нови модели учествуваа во изборот за 2026 година.
Рангирањето на финалистите во Автомобил на 2026 година во Европа
- Мерцедес-Бенц ЦЛА 320 бодови
- Шкода Елрок 220 бодови
- Киа ЕВ4 208 бодови
- Ситроен Ц5 Еркрос 207 бодови
- Фиат Гранде Панда 200 бодови
- Дачиа Бигстер 170 бодови
- Рено 4 150 бодови















