По веста дека Киа лани постигнала уште една рекордна година во светски рамки, следи уште еден рекорд, а тоа се 852.155 продадени возала во САД во 2025 година, повеќе од кога било досега.
Огранокот на Киа во САД во минатата година првпат надмина продажба од 800.000 возила, постгинувајќи раст од 7 проценти во споредба со претходно. Трета година во низа, Киа поставува рекорд по рекорд во САД. Покрај тоа, продажбата за приватни купувачи расте осум години во низа, со 5 проценти повеќе возила во споредба со претходната година.
Шест години, пак во низа од рекорди, Киа продава сé повеќе возила директно на приватни купувачи. Успехот го заокружува достигнувањето на досега највисок пазарен удел на јужнокорејската марка во САД.
Спортаж лани постави рекорд за продажба на модел на Киа во Соединетите Држави
Четири модели се продадоа во поголем број од кога било досега – Карнивал (+44 проценти); Спортаж (+13 проценти); Телјурајд (+7 проценти) и K4 (+1 процент).
Рекорди и за продажбата на возила со електрифицирана погонска спрега, со раст од 24 проценти, и рекорд за продажба на СУВ-возила, со раст од 13 проценти. Според тамошниот огранок, на пазарот му се допаѓа новата стратегија на модели за светскиот пазар.
Директорите очекуваат дека и во 2026 година ќе продолжи брзиот раст на Киа во САД, со втората генерација на Телјурајд и на комбилимузинската изведба од К4.
















