Кина им порачува на производителите да подзабават со батериите, за да спречи поголем пад на цените

Кина ги предупреди производителите на батерии за електрични возила и бара прекин на ценовната војна, како и на проширувањето на производствените капацитети.

Министерството за индустрија на Кина стравува дека понудата може да се засити и тоа да повлече пад на цените, предупредувајќи ги производителите на батерии за електрични возила да подзабават со проширувањето на своите производствени погони.

Кинеското министерство за индустрија ги повика производителите на батерии да ги оптимизираат своите индустриски капацитети и да не влегуваат во ризик од прекумерен производствен капацитет.

Во соопштението од 8-ми јануари, Министерството посочи дека е неопходно да се почитува здрава пазарна конкуренција и да се зајакне надзорот над секторите за електрични возила и батерии, по состанокот којшто беше одржан на 7-ми јануари.

Водечките производители на батерии, како КАТЛ, Би Уај Ди, Гоушн Хај Тек и ЕВЕ Енерџи, беа меѓу 16-те компании што присуствуваа на состанокот, соопшти државниот дневен весник Чајна Дејли, повикувајќи се на извори.

Компаниите што се специјализирани за складирање енергија, како Бејџинг Хајпер Стронг Технолоџи, Џуџоу ЦРЦЦ Тајмс Електрик и Трина Солар, коишто се воедно и водечки производители на соларни панели, исто така присуствуваа на состанокот, се наведува во извештајот.

Министерството за индустрија соопшти дека повикало да се одржи состанокот, заедно со државните регулатори за енергетика и пазар.

Побарувачката за батерии за складирање енергија порасна откако ширум светот почна масовно да се градат центри за складирање податоци.

Индустријата наивно одговори со проширување на производствените капацитети, наведува Министерството, посочувајќи на примерот со соларниот сектор, каде што прекумерното зголемување на капацитетите доведе до силен пад на цените и големи загуби за целата индустрија.

Претходна објаваДонгфенг преговара за фабрика за автомобили во Турција
Следна објаваКиа постигна рекордна продажба на пазарот во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here