
Со годишна продажба од 1,4 милион возила, Турција е меѓу поголемите пазари и има потпишано спогодба за бесцаринска трговија со ЕУ. Увозот на автомобили од Кина во Турција подлежи на дополнителни царини, поради што кинеските производители бараат начини да воспостават производство во соработка со локални партнери.
„Работиме напорно за годинава да започнеме со производство,“ изјави Јавуз Чирак, извршен директор во увозникот за турскиот пазар Маркар, кој е воедно и посредник во преговорите, стои во соопштението што е објавено на Линкдин.
Од Донгфенг уште немаат излезено со службен одговор.
Инвеститорот има обезбедено фабрика за производство, меѓутоа уште се чека на конечното решение за вложување, околу што се водат преговорите во моментов. Маркар ќе се грижи за локалното производство и ќе обезбеди сервисирање за возилата, се наведува понатаму.
Чирак контактирал со Ројтерс на 7-ми јануари, но не го открива името на инвеститорот, повикувајќи се на договор за доверливост.
Во објава на турскиот профил на луксузната марка Воја на 5-ти јануари на Инстаграм, беше наведено дека се работи на локално производство на модел со хибриден погон.
И покрај високите царини, продажбата на автомобили во Турција достигна рекорд лани, главно преку порастот во возрасното население и зголемената побарувачка за електрични возила.
Кинескиот Би Уај Ди исто така најави почеток на производство на автомобили во Турција, кон завршетокот на 2026 година.















