Алпина станува дел од БМВ, но нема да го носи знакот на БМВ

Од 1-ви јануари 2026, правата за користење на името Алпина ѝ припаѓаат на групацијата БМВ. Со тоа, досега самостојната тјунерска работилница Алпина, станува дел од БМВ Група. Името на новата марка е „БМВ Алпина“.

Менувањето на името донесе и нова ознака. Таа ќе биде поставена средишно на вратата на багажникот на идните модели, на местото на традиционалниот сино-бел знак на БМВ. Буквите се напишани асиметрично и го следат изгледот на логото на Алпина од 1970-години.

БМВ уште во минатото лето го регистрираше новото лого за Алпина во германскиот завод за патенти и марки. Новото лого се разликува од досегашниот знак што во средината содржи грб и има кружна форма со внатрешност што е преполовена вертикално.

Познатите симболи во знакот на Алпина, а тоа се коленасто вратило и двоен карбуратор, остануваат во логото, но се прикажани во поедноставена форма.

Во регистрацијата на логото се наведува дека тоа е изработено во црно-бела боја, место во досегашните бои, односно во сина и црвена боја. Типографијата исто така се разликува од таа што ја користи БМВ. Засега нема информации кога ќе почне да се применува новото лого и како истото ќе се поставува на возилата.

Стратегијата на БМВ Алпина не се менува. Производителот и натаму ќе изработува врз база на модели на БМВ со силни мотори, коишто се ориентирани за долги патувања и нудат врвен комфор и луксуз.

Новото лого на БМВ Алпина, без сината и црвената боја и со сменет фонт

Сериските модели на БМВ ќе се преработуваат во поглед на материјалите, квалитетот на изработката и работењето по посебна нарачка. Во моментов не се наведува кои нови модели се во план и каков е планот за понудата од модели во иднина.

Логото на Alpina прикажува двоен карбуратор со долга вшмукувачка инка и коленасто вратило. Во почетоците на семејниот бизнис, фирмата Alpina произведувала машини за пишување

Претходна објаваТесла по две години во постојан пад му ја препушти шампионската титула на кинески Би Уај Ди
Следна објаваКиа ја заврши минатата година со рекордна продажба, за 2026 се предвидува раст

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here