
Фиат Тополино, со име што значи „глувче“, постигнува брзина од 45 километри на час, располага со досег за 75 километри и сето тоа со електромотор од 8 КС.
На автомобилскиот пазар во САД в година доаѓа еден новитет што целосно двои од сликата за тамошниот автомобилски свет. Исто како што славниот лик од цртаните филмови, Фивел Маускевиц, пристигна во САД пред повеќе од 40 години, во цртаната „Американска приказна“ (американ тејл, се разбира и како американски опаш), в година на пазарот во САД доаѓа уште глувче.
„Фиат Тополино, нашиот малечок, весел и шаренолик автомобил, што денес е насекаде низ Европа, неколкупати во минатата година се појавуваше во САД, меѓу другото и на салонот во Лос Анџелес во минатиот месец, каде што наиде на огромна одушевеност меѓу купувачите,“ порача во соопштението извршниот директор на марката Фиат, Оливие Франсоа. „Таа беше толку голема, што сега можам со голема радост да соопштам дека Фиат Тополино ќе го донесеме во САД, а повеќе детали ќе откриеме в година.“
Тополино се произведува во Мароко и толку е малечко и лесно, што технички и не се смета како автомобил. Покусо за повеќе од еден метар од денешниот Фиат 500, тоа се смета како лесен електричен четирицикл со ограничена брзина, за којшто важат поблаги норми за безбедност. Во Италија, кадешто се продава половина од продукцијата, цената изнесува под 10.000 евра, не вклучувајќи ги субвенциите.
„Тоа се превозни средства за хотели и ресорти,“ изјави Стефани Бринли, директорка на С и П Глобал Мобилити за Детроит Фри Прес. „Тоа е навистина мал пазар.“
Иако објавата од Фиат следи кусо откако Доналд Трамп повика производителите да понудат микро-автомобили, како тие што ги видел во Јапонија и исти такви да се продаваат во САД, од Стелантис изјавија за Си-ен-би-си дека нивниот план бил донесен уште пред објавата на Трамп.
Фиат го прикажуваше Тополино на големите салони на автомбили и привлече внимание меѓу купувачите.















