Мерцедес ЦЛА со највисоки оцени за безбедност годинава на тестовите на Еуро НКАП

Новата генерација на Мерцедес-Бенц ЦЛА ги увери експертите за безбедност во Еуро НКАП дека производителите можат да ги поместат стандардите уште повисоко.

Европскиот конзорциум за оценување на безбедноста на новите автомобили Еуро НКАП ги заврши тестирањата за годинава и го прогласи победникот. Највисоки оцени на краш-тестовите годинава постигна новата генерација на Мерцедес-Бенц ЦЛА.

Експертите на Еуро НКАП излегоа со крајно позитивни оцени по тестирањето на ЦЛА и порачаа дека тоа ја „прикажува долготрајната посветеност на Мерцедес да развива побезбедни автомобили.“ Првиот модел врз новата платформа ММА на Мерцедес-Бенц, којашто е наменета за модели од компакт класата и дозволува конструирање модели и со електричен погон и со мотори со внатрешно согорување, одушеви во сите четири категории на тестови во коишто Конзорциумот ја проверува безбедноста на новите автомобили.

Други модели што се издвојуваат со резултатите во завршното тестирање годинава се Мазда Ц Икс 5, којашто доби високи оцени и за системите за аситенција, како и кинескиот Дипал С05, Порше Кајен и Фолксваген Т-Рок, сите со пет ѕвезди и со одлични резултати во заштитата на возрасни патници.

Еуро НКАП и годинава посочува на важноста возилата да поседуваат комплетна безбедносна опрема, што главно се однесува на системите за асистенција, укажувајќи на различните резултати при тестирањето на Киа ЕВ4 во изведба со стандардна опременост и изведба со со комплетна опременост.

Добри се и резултатите на Алпин А390, Џип Копмпас и Тојота Ајго Крос.

Зошто експертите на Еуро НКАП се толку одушевени од резултатите за Мерцедес ЦЛА

Производителите главно имаат позитивни ставови околу тоа што Конзорциумот воведува нови и построги барања на секои три години. На тој начин, Еуро НКАП ги поттикнува производителите да работат постојано на унапредување на безбедноста.

Мерцедес-Бенц им докажа дека производителите успеваат. Во 2019 година, претходната генерација на ЦЛА исто така беше прогласена за најдобра на тестовите.

Новиот ЦЛА задоволува 94% од барањата на Еуро НКАП за заштита на возрасни патници, што укажува дека и каросеријата и пасивните системи за заштита се делотворни. Високи стандарди достигнува и заштитата на децата, со 89 проценти од максимумот. Бодови носи и тоа што ЦЛА поседува сензори што откриваат дали е поставено детско седиште и ги исклучуваат воздушните перници што при отворањето би можеле да предизвикаат повреди.

ЦЛА ги заштитува од повреди и пешаците, велосипедистите или мотоциклистите, вклучувајќи соодветна работа на системите за асистенција.

Во 2026 година претстојат нови протоколи за тестирањата на Еуро НКАП, што ги става производителите пред нови предизвици.

Euro NCAP December 2025 star ratings

Модел Ѕвезди Возрасни патници Деца Пешаци Системи  за асистенција
Alpine A390 4 stars 74% 85% 80% 77%
CHERY TIGGO 4 4 stars 79% 85% 78% 80%
Deepal S05 5 stars 94% 87% 78% 76%
EBRO s400 4 stars 79% 85% 78% 80%
EXLANTIX ET 5 stars 90% 85% 76% 79%
GEELY STARRAY EM-i 5 stars 90% 87% 86% 77%
Hyundai NEXO 5 stars 90% 85% 76% 80%
Jeep Compass 4 stars 80% 85% 74% 66%
Kia EV4
(standard safety equipment)
4 stars 84% 85% 77% 67%
Kia EV4
(with optional Safety Pack)
5 stars 84% 85% 77% 78%
Kia PV5 Passenger 4 stars 83% 85% 64% 65%
MAZDA CX-5 5 stars 90% 89% 93% 83%
Mercedes-Benz CLA 5 stars 94% 89% 93% 85%
MG MG4 EV URBAN 5 stars 87% 85% 85% 80%
Mitsubishi Eclipse Cross 5 stars 83% 86% 82% 70%
Porsche Cayenne 5 stars 91% 89% 81% 79%
Renault Clio 4 stars 79% 82% 80% 73%
Toyota Aygo X 4 stars 73% 72% 83% 68%
Toyota Yaris 4 stars 72% 84% 83% 72%
VW T-Roc 5 stars 91% 87% 87% 77%

Претходна објаваПроизводителите поделени околу откажувањето од забраната за мотори со внатрешно согорување
Следна објаваФиат ќе го продава Тополино во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here