Противвредноста и издржливоста се задолжителни вредности што безгрешно доведуваат до успех на светскиот автомобилски пазар. Тоа секако се главните врендости на Киа Селтос, што досега постигна одличен успех во Јужна Америка, Австралија, во Индија и пошироко во Азија. Единствено Европа изостана. Во втората генерација на моделот, тоа се менува, Селтос доаѓа.
Конструирана врз новата платформа К3, што е наменета и за поголеми модели, и ја користат Ниро и К4, втората генерација на Киа Селтос ќе се продава и на европскиот пазар.
Селтос и досега се појавуваше во продажните извештаи на корејскиот производител, како еден од трите најпродавани модели на Киа, покрај Спортаж и Соренто, меѓутоа моделот ги постигнуваше продажните бројки буквално на сите страни на светот, освен во Европа. Киа сега го најавува второто издание на Селтос, како „зајакнување на понудата од СУВ на Киа, потврдувајќи ја својата улога како клучен светски модел“.
Главните тежишта при развојот на новиот модел биле насочени во насока на возните својства и практичноста во секојдневието. Тие се надоврзуваат на вредностите, што Селтос ги наследи од претходничката: Противвредноста и издржливоста. На тоа следат уште нов стил што е инспириран од серијата електрични модели од ЕВ3 до ЕВ9 и „интелигентна технологија и унапреден комфор, поставувајќи нови мерила во сегментот на субкомпактните СУВ.“
Киа денес одржа онлајн-претставување на новиот Селтос, под наслов „Протагонистот“. Во кусото видео по тој повод, прикажани беа три ликови со „стремеж за нови достигнувања, за слобода и за подлабоко побрзување со своите сакани“, со идеја дека Селтос им овозможува на возачите да ги остварат своите желби и „да живеат како главни херои во сопствените приказни“.
Изгледот на новиот Селтос е од сосем друг свет во споредба со првата генерација, со стил на ЕВ3, ЕВ5 и ЕВ9, којшто оддава моќ и издржливост, но и технолошка зрелост. Секако се главни светлата, по коишто јасно и оддалеку се распознава дека станува збор за Киа.
Новиот СУВ на Киа има каросерија долга 4,43 метри, широка 1,83 метар и висока 1,6 метар, со меѓуоскино растојание од 2,69 метри. Зафатнината на багажникот е раскошна со 536 литри. Рачките на вратите се впуштени, заради аеродинамичност и отмена појава.
Производителот потврди дека Селтос ќе го понуди и во изведба ГТ-Лајн со спортски нагласок, а го издвојува и нивото Икс-Лајн, коешто оддава теренска способност и вклучува пообемна заштита на долното подрачје на возилото. Доколку Киа ја понуди Икс-Лајн на европскиот пазар, тоа ќе биде новина.
Трите бои што според Киа најмногу го оддаваат карактерот на Селтос се Ајзберг Грин, Гравити Греј и мат Магма Ред.
Следното големо освежување е кокпитот, со ниска арматурна табла и чувство на седење на отворено, со бирач за возење што е префрлен на столбот и со тоа е дополнително ослободен просторот меѓу седиштата. Дисплејот вообичаено досега преку половината од таблата, со два екрани од 12,3 инчи под заедничко стакло, има физички копчиња и нов дизајн на воланот. Се нагласува дека материјалите се поквалитетни.
Селтос може да биде уште пософистициран со сончев покрив, амбиентално осветлување со избор на 64 бои, местење на аголот на задната клупа, аудио систем Харман Кардон или Босе или пристап до онлајн услуги. Преку апликацијата на Киа ќе може да се користи и телефон за отклучување и заклучување на возилото, односно ќе може да се испрати код до друг телефон, за друго овластено лице да добие пристап.
Целата понуда од мотори за новата Киа Селтос, зависно од пазарите:
- 1,6-литарски Т-ГДИ од Спортаж со 180 КС и 265 њутнметри, со 7-степен менувач со двојна спојка или 6-степен рачен менувач
- 1,6-литарски Т-ГДИ со 193 КС и 265 њутнметри, со 8-степен автоматски менувач
- 2,0-литарски бензинец со 149 КС и 179 њутнметри
На располагање ќе бидат изведби со погон на сите тркала, коишто ќе располагаат и со мултилинк задна оска и програми за возење по снег, кал и песок.
Четвртата погонска изведба ќе биде хибрид, за којшто Киа наведува дека ќе овозможи приклучување електрични потрошувачи и којашто ќе располага со нов систем за регенеративно сопирање, што веројатно е систем за т.н. еднопедално возење, со различна силина на забавување, зависно од условите на возење.
Покрај тоа што за каросеријата е користен челик со висока цврстина, што нуди висока безбедност, без тоа да се одрази премногу врз тежината, Селтос вообичаено за Киа располага и со целосен пакет од системи за асистенција, што досегаат до полу-автопилот. Во повисоките нивоа ќе се вградува и проекциски дисплеј.
Производството започнува уште во декември, меѓу пазарите на Киа Селтос, освен Европа, спаѓаат Индија, Кореја, Северна Америка и Кина.
















