БЛЕСКА ВО НОВ ДИЗАЈН: OPEL ГИ ПРЕТСТАВУВА НОВИТЕ OPEL ASTRA И ASTRA SPORTS TOURER

Поостар, технолошки понапреден: бестселерот во компактната класа за прв пат со нов дизајн на Opel Vizor и трајно осветлен амблем Blitz

• Вистински белег: најнова технологија за осветлување Intelli-Lux HD со над 50.000 елементи
• Врвна удобност: Intelli-Seats со ергономски карактеристики веќе стандардни од почетното ниво на опременост
• Greenovation: 100 % рециклирани материјали во внатрешноста
• Проширен опсег: нова Astra Electric со опсег до 454 километри (WLTP)
• Светска премиера: Opel ќе ги претстави новите модели на Саемот за автомобили во Брисел во јануари 2026 година

(Соопштение за медиуми, Еуроимпекс)

Во 2025 година, новите SUV модели, од Opel Mokka до Opel Frontera, па сè до моќните нови верзии на Opel Grandland Electric, го прославија своето лансирање на пазарот. Во 2026 година фокусот ќе се префрли на Opel Astra. Исклучително популарниот автомобил од компактна класа, кој е дизајниран, конструиран и произведен во Rüsselsheim, наскоро ќе биде достапен во ново издание со уште поостар дизајн, како и побројна врвна технологија и удобност. За само неколку недели, новата Opel Astra и новата Opel Astra Sports Tourer ќе ја прослават својата светска премиера на Саемот за автомобили во Брисел од 9 до 18 јануари 2026 година. Opel веќе денес прикажува детали за понатамошниот развој на успешниот модел ‘made in Germany’.

Помеѓу најзначајните карактеристики на новиот изглед се Opel Blitz, кој е осветлен за прв пат кај Astra, адаптивното светло Intelli-Lux HD без отсјај и стандардните Intelli-Seats со ергономска вдлабнатина. Инженерите и дизајнерите, исто така, останаа верни на пристапот „Greenovation“ на Opel: внатрешноста на новата Astra е направена од 100 % рециклирани материјали, а целосно електричната Astra Electric доаѓа со поголем опсег без емисии и сега може да помине до 454 километри со едно полнење (WLTP).

„Нашата нова Opel Astra е поостра, помодерна и поодржлива од кога било“, изјави извршниот директор на Opel Florian Huettl. „Со нови дизајнерски и технолошки елементи, како што се осветлениот Opel Blitz во дополнително развиеното лице на брендот или иновативното Intelli-Lux HD светло, го носиме нашиот бестселер во класата на компактни автомобили на повисоко ниво. Новата Astra ќе ги воодушевува клиентите и ќе ги продолжи децениските успеси на нашата компактна класа.“

Astra Premiere 1: подобрен Opel Vizor со осветлен Opel Blitz

Познавачите на Opel веднаш ќе забележат дека новата Astra доаѓа со свеж дизајн, кој е решително инспириран од концепт автомобилот со високи перформанси Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo. Карактеристичното лице на брендот, Opel Vizor, сега е потесно и уште попрецизно дизајнирано. Осветлениот Opel Blitz, кој ја прослави својата премиера како препознатлива карактеристика кај врвниот Grandland SUV, сега гордо е поставен во центарот. Централниот, сега осветлен амблем на брендот, исто така, ја формира почетната точка за светлосните ленти што се протегаат хоризонтално во предните светла и вертикално во превојот на капакот на моторот. И овде, дизајнот е базиран на Corsa GSE Vision Gran Turismo. Резултатот: Opel Compass, осветлен за прв пат како дизајнерски лајтмотив на возилото и е помоќен од порано. Новата Astra изгледа уште поостра, поопремена и помодерна.

Новите дизајни на раткапни за 17“ и 18“ алуминиумските фелни се исто толку привлечни како и новите металик бои „Kontur White“ и „Klover Green“. Тие го нагласуваат уникатниот изглед во комбинација со опционалниот контрастен црн кров.

Astra Premiere 2: Intelli-Lux HD технологија на осветлување со на 50,000 компоненти

Уникатно во компактната класа е технологијата за осветлување што се користи кај новата Astra од двете страни на Opel Vizor. Уште еднаш, Opel Grandland послужи како инспирација: Иновативното светло Intelli-Lux HD е достапно и за Astra и Astra Sports Tourer. Адаптивните предни светла без отсјај имаат повеќе од 50.000 елементи и ги „исклучуваат“ учесниците во сообраќајот напред и од спротивната насока уште побрзо и попрецизно од претходните matrix технологии за осветлување. Во исто време, светлосниот конус пред возилото може целосно дигитално да се прилагоди, така што интуитивно го насочува погледот на возачот по патот при свртување. Во зависност од аголот на управување, на соодветната страна од возилото се додава дополнителен модул за осветлување, кој го осветлува патот уште подобро од страна и на тој начин спречува „црни дупки“ при свиоци. Во лоши временски услови или магла, Intelli-Lux HD светлата реагираат и на можниот ефект на отсјај предизвикан од дождливите патишта и соодветно го прилагодува интензитетот на светлината за да го намали овој ефект за сообраќајот од спротивната насока. Технологијата за осветлување со висока резолуција е пријатна за очите на возачот на Astra. Ова е така бидејќи системот ги детектира сообраќајните знаци што се појавуваат на патот и ги затемнува LED светлата, така што одразот од знаците не го заслепува возачот.

Astra Premiere 3: Врвна удобност со стандардните Intelli-Seats од почетното ниво на опременост

Новиот изглед, кој ја носи Astra на повисоко ниво, се рефлектира и во внатрешноста. Возачите и патниците на Astra можат да очекуваат уште поелегантна кабина, како и дополнителна удобност. Во секоја верзија, новата Astra овозможува уште поголема удобност при седење отколку порано. Дури и од почетната ниво на опременост, Intelli-Seats, специјално развиени од Opel и достапни за прв пат за Astra, доаѓаат како стандард. Тие се карактеризираат со посебна вдлабнатина што се протега во средината на седиштето, а која е инспирирана од дизајнот на велосипедските седишта и го намалува притисокот врз опашната коска. Патентираната ергономија на Intelli-Seat обезбедува опуштена удобност при возење дури и при долги возења.

Дополнително, клиентите на Astra можат да ја изберат и својата индивидуална удобност при седење. На пример, достапни се мулти-прилагодливи, AGR-сертифицирани седишта за возачот и совозачот со навлаки направени од ReNewKnit™, вклучувајќи повеќестепено греење на седиштата, електропневматска лумбална потпора, масажа и функција за меморија. Мономатеријалот со висококвалитетен изглед на велур е од 100 % рециклиран и материјал кој може да се рецеклира и, за разлика од композитните материјали, не мора макотрпно да се одвојува. Ова ја намалува емисијата на CO2 и помага да се избегне отпад.

Greenovation: рециклирани материјали, Astra Electric со опсег до 454 километри (WLTP)

Покрај 100% рециклираните навлаки за седишта, во внатрешноста на Astra се користат бројни други материјали и површински структури што заштедуваат ресурси. Во исто време, кокпитот и корисничките интерфејси на мултимедијалниот инфозабавен систем се направени уште појасни и поинтуитивни.

Заштедата на ресурсите беше исто така во фокусот на понатамошниот развој на гамата на електрифицирани погони. Со батерија од 58 kWh, Astra Electric ќе овозможи опсег без емисии до 454 километри (WLTP), дозволувајќи им на возачите на Astra Electric да патуваат околу 34 километри подалеку од претходно со едно полнење. Исто така, ново и исклучително практично: целосно електричната Astra овозможува V2L (Vehicle to Load) за прв пат и со тоа можност за полнење надворешни уреди како што се електрични велосипеди или слично без да мора да се потпираат на други извори на енергија.

Со оглед на ова, клиентите на Opel Astra ги имаат и придобивките од докажаните карактеристики на бестселерот во компактната класа. Во зависност од верзијата, во задниот дел на hatchback може да се сместат до 1.339 литри багаж со склопени седишта. Astra Sports Tourer овозможува волумен на товарниот простор максимум до 1.634 литри. Покрај тоа, потпирачот за грб на задните седишта во компактната класа може флексибилно да се склопи во сооднос 40:20:40.

Повеќе информации за новите модели и широкото портфолио на погони кај новите Opel Astra и Opel Astra Sports Tourer ќе следат по светската премиера во Брисел на почетокот на 2026 година.

Претходна објаваНовиот Селтос доаѓа во понудата на Киа на европскиот пазар
Следна објаваФорд подготвува електрични модели што ќе ги произведува Рено

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here