Платите на директорите во малите и средни компании во трговијата со автомобили мирувале, додека нивните колеги во автомобилската индустрија имале значителен раст, покажува една студија во Германија.
Раководителите во автомобилската индустрија во Германија заработуваат повеќе отколку во продажбата и во сервисирањето, односно постпродажбата. Во минатата година повторно пораснала разликата, затоа што директорските плати во автомобилската бранша се движат во различни насоки: Додека директорите во малите и средни фирми (не вклучувајќи ги големите акционерски компании, каде што решава управен одбор) во индустријата заработувале повеќе, платата на директорите во продажбата на автомобили мирувала.
Разликата се покажува најјасно во фиксните годишни примања. Во минатата година, директор во ГмбХ (ДОО) во автомобилската индустрија, во просек заработувал по 190.333 евра, што на месечно ниво изнесува 15.860 евра, не вклучувајќи додатоци.
Платите во трговијата со автомобили мируваат
Тоа е значително зголемување во споредба со 2023 година, кога директорите во автомобилската индустрија во просек заработувале 178.243 евра. Тоа е раст од седум проценти.
Сликата е различна во продажбата на моторни возила. Со фиксна годишна плата од 104.400 евра во просек, шефовите на автомобилските салони не само што заработиле помалку од колегите во индустријата, туку и платите им останале речиси непроменети во споредба со 2023, кога просекот изнесувал 104.212 евра.
[the_ad id=”85764″]
Флексибилните надоместоци со значителен пораст
Тоа го покажува студијата на ББЕ Медиа, во којашто се опфатени платите на 2.551 директори. Сите просеци претставуваат медијана, што значи дека половината од платите се над, а другата половина под наведената просечна вредност.
Разликите меѓу производството и продажбата се уште повпечатливи при пресметувањето на годишните надоместоци, односно на фиксната плата и на бонусите. Во тој случај, медијаната за шефовите во индустријата расте на 241.933 евра, односно тоа е раст од преку девет проценти.
Индустријата над, продажбата под просекот
Бонусите во трговијата го качуваат просекот на 123.359 евра, што е околу 7.300 евра, односно околу шест проценти повеќе отколку во 2023 година.
Во двете бранши, на директорите им следува службено возило. Некои директори добиваат и пензиско осигурување, бенефиции и штедни шеми. Со тоа, вкупниот годишен износ во автомобилската индустрија доаѓа до 255.977 евра (плус 9,8 проценти), а во трговијата 132.021 евра (плус 3,8 проценти).
На крајот, годишниот надомест во автомобилската индустрија е значително над, а надоместот во трговијата со автомобили значително под просекот од сите бранши. Во 2024 година, просекот изнесувал 180.584 евра, што е за еден процент под ланскиот износ.
















