Паѓа побарувачката за премиум лимузини од средна класа во Европа

Продажбата на премиум лимузини од средна класа, којашто ја предводи серијата 3 на БМВ, годинава опадна за близу една петина, откако компаниите со големи возни паркови почнаа да се префрлуваат на модели од останатите сегменти, вклучувајќи и големоволуменски марки.

Серијата 3 на БМВ е најпродаван премиум модел од средна класа на европскиот пазар и покрај падот од 23 проценти годинава.

Во првите 10 месеци на европскиот пазар се продадоа за 19% помалку возила од сегментот на премиум лимузини од средна класа. Овој сегмент стана помал од сегментот на малечките премиум модели и големоволуменските модели од средна класа.

Силната побарувачка за Ауди А5, вториот најпродаван модел и наследник за А4, не успеа да надомести за падот од 23% во продажбата на Серијата 3 на БМВ, што го предводи сегментот. Опадна и побарувачката за третопасираната Ц-Класа на Мерцедес-Бенц, за 14 проценти. Истиот тренд важи и за Волво В60, Полстар 2 и за Алфа Ромео Џулија.

Продажбата за клиенти со возни паркови опадна 30 проценти, и тоа е првпат овој удел да падне под половина во последните три години.

Возачите на службени автомобили ширум Европа одамна се префрлија на модели од марките што носат статус, меѓутоа ограничениот број на модели од средната класа што располагаат со електрифицирана погонска спрега и со тоа се погодни за субвенции, ги принуди да се префрлат на други сегменти.

Еден од сегментите што искористи од тоа се СУВ-моделите од средна класа, посебно тие со приклучен хибриден погон. Пример за таков модел што постигна голем раст е кинескиот Би Уај Ди Сил Ју.

Продажбата на електрични возила во сегментот на лимузини од средна класа ја предводи БМВ и4, којшто учествува со 70% во истиот. На Полстар 2 му припаѓаат 28 проценти. Двата модели веќе ја имаат достигнато половината од пазарниот век, првиот лансиран во 2021 година, вториот во 2019 година. Двата модели имаат пад во продажбата годинава.

Новиот Ауди А5 е втор најпродаван модел во сегментот на лимузини од средна класа во Европа.

Уделот на прикучните хибриди годинава требаше да порасне со почетокот на продажбата на Ауди А5. Германската марка првпат понуди ваков погон во својот модел. Но, вкупната продажба на приклучни хибриди во сегментот и натаму е во пад од 6,3 проценти, со 44.278 возила. Тоа дава удел од 19 проценти, што е послаб од уделот од 22 проценти на целосно електричните модели.

Бензинците се најбаран вид на погон во сегментот, со удел од 33 проценти, додека на дизелите им припаѓаат 27 проценти.

БМВ во септември прикажа маскирана изведба од новиот и3. Тоа ќе биде еден од најважните новитети во овој сегмент во следната година.

Доаѓаат нови електрични модели.

Мерцедес-Бенц в година ќе пушти во продажба целосно електрична Ц-Класа, базирана врз платформата МБ.ЕА, што ќе ѝ се придружи на постоечката изведба со мотори со внатрешно согорување, на којашто ѝ претстои освежување.

БМВ исто така ќе лансира нова електрична лимузина и3, конструирана врз платформата Ное Класе, истата платформа со неодамна лансираниот и Икс 3.

[the_ad id=”85764″]

Од двата модели се очекува да донесат голем раст во продажбата на електрични возила во сегментот, имајќи го предвид напредокот во досегот и во технологиите.

По нив следи Ауди, којшто ја резервираше ознаката А4 за електричниот модел. Времето за негово појавување уште не е објавено, но тоа може да се одложи и по 2028 година, затоа што целосно електричниот А4 треба да ја користи платформата ССП, што матичниот концерн Фолксваген ја одложи.

Но. 8 е првиот модел на ДС според новото именување. Моделите досега се означуваа со ДС и по нив следеше бројот, на пример ДС 3.

Својот нов модел во сегментот го одложи и Ауди. Италијанците ќе продолжат да ја продаваат десетгодишната Џулија, откако концернот Стелантис се премисли околу лансирањето на нејзината електрична наследничка. Место тоа, Стелантис планира заедно да нуди хибридна и целосно електрична изведба. Со тоа и наследничката на Џулија е одложена за завршетокот на 2027 година.

БМВ и натаму владее со сегментот со вкупната продажба на сите свои модели, со удел од близу 44 проценти. Се нудат три каросериски изведби, од лимузина и комби од серијата 3, до купе од Серијата 4. Ауди го изгуби уделот откако се откажа од купе-лимузината А5, меѓутоа доминацијата на трите премиум марки, заедно со Мерцедес-Бенц, сведочи за високата побарувачка за овие автомобили во Германија, којашто држи 37 проценти од вкупната продажба на модели од овој сегмент на европскиот пазар.

Втор најголем пазар се Обединетото Кралство со удел од 16 проценти. Земјата учестува и со 28% во продажбата на електрични модели во сегментот на целиот европски пазар, со БМВ и4 со повисока продажба од самата серија 3 на БМВ.

ОК сепак имаат голем удел во падот на вкупната продажба на премиум модел од средна класа, со пад од 26% во првите 10 месеци.

Силниот поттик за продажбата на Икс 1 и Икс 3 укажува дека дел од причините за падот во продажбата на БМВ во ОК во сегментот се должи на тоа што купувачите се префрлуваат на поновите СУВ-модели.

Комби-моделите и натаму уживаат висок удел во продажбата во овој сегмент во Европа, првенствено поради нивната висока побарувачка во Германија.

Изведбата Туринг од серијата 3 е на врвот со 40.536 возила и со удел од 67 проценти во вкупната продажба на серијата 3 во Европа. Кај Ауди А5, уделот на Авант е 68 проценти, додека кај Мерцедес-Бенц Ц-Класа, комбито Т-Модел држи половина од продажбата. Волво повеќе не ја продава лимузината С60, што значи дека целата продажба се темели на комбито В60.

Исто како во претходните години, останатите марки не успеваат да го достигнат уделот на Ауди, БМВ, Мерцедес-Бенц и Волво/Полстар во сегментот.

Електрична Киа втор најпродаван модел во Македонија во октомври

Новиот ДС Но. 8, повеќе кросовер отколку лимузина, за 10 месеци постигна 798 продажби. Кинескиот Зикр се соочи со пад во продажбата од 32 проценти на својот 001, со 653 возила. Нема промени кај комбито Нио ЕР5, со продадени 295 возила.

Сегментот целосно го напушти Џагјуар, откако престана со производство Икс Е, додека се тансформира во луксузна марка и в година ќе се врати со скап ГТ.

Претходна објаваТојота се враќа во суперспортската лига со осумцилиндарски ГР ГТ и електричен наследник на ЛФА
Следна објаваЦ5 Еркрос ја заокружува успешната тројка на Ситроен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here