Сите се големи имиња: Авангард, Ол Терејн, Мерцедес-АМГ ГТ и Перформанс. Тоа се четирите модели на бебешки колички на најголемата автомобилска марка во историјата.
Мерцедес-Бенц и Мерцедес-АМГ имаат нови модели на бебешки колички, што се дизајнирани од Хартан, германскиот производител на „мерцедесите“ меѓу бебешките колички. Главната вест е моделот Перформанс во старинска сина боја, што првпат го носи историскиот знак на Мерцедес.
Три модели на Мерцедес-Бенц со елеганција, комфор и функционалност
Бебешката количка Перформанс е изработена со класичен изглед, но располага со функционални детали, меѓу другото со безбедносен ремен што брзо се поставува, со „панорамска климатизирана зона“.
Моделот Авангард е посебен по телескопската рачка за држење, што се мести соодветно на висината на родителите. Седиштето е ергономско, потпирачот за нозе има повеќе степени. Ол Терејн секако дека е наменета за возење по секаков терен, со специјални гуми и со рачна сопирачка.
Сите модели се достапни во веганска изведба, со врвен квалитет на вештачката кожа што е тестирана да издржи 100.000 т.н. лизгања. Од боите може да се избира рубелит, опалит, тартуфо, и новите старински сина и верде сребрена.
АМГ ГТ е посебна приказна, нејзина одлика се компактните димензии кога е собрана и се сместува лесно во багажникот. Притоа не се жртувал комфорот. Спортските детали се забележуваат во дизанот на тркалата, што личат на класичните тркала на АМГ со вкрстени краци.
Нова боја за бебешката количка АМГ е сиена-кафена, со елементи во боја на коњак што ставаат нагласок.
Тоа што понатаму ги одликува бебешките колички со ѕвезда е нагодувањето на амортизацијата, според тежината на бебето. Во цената секогаш е вклучена торба, што секако дека е од голема корист.

Цените од вебсајтот на производителот:
- Авангард 999 евра
- Перформанс 1.149 евра
- Ол Терејн 1059 евра
- АМГ ГТ 1.199 евра
- АМГ ГТ Ограничена Серија 1.969 евра
















