
Двата производители соопштија и дека заедно ќе инвестираат 3,8 милијарди реали (714 милиони долари) во индустрискиот компекс во Бразил.
Рено не наведува дали таа инвестиција е дел или пак следи дополнително на планот за глобален раст во следните четири години, што е вреден 3 милијарди евра и којшто беше најавен кон завршетокот на 2023 година.
Компанијата соопшти дека двата производители на автомобили ќе развијат нова платформа за електрични возила, што ќе претстсавува основа за друг нов модел на Рено, чијашто премиера треба да се случи во 2027 година.
Рено пред две седмици објави дека е комплетиран договорот со Џили во Бразил, за спојување на најголемиот пазар во Латинска Аерика, каде што соперникот Би Уај Ди гради фабрика и го освојува пазарот со достапни модели со електричен и приклучен хибриден погон.
Џили со овој договор добива пристап до постоечката производствена и дилерска мрежа на Рено, со што воедно ќе му овозможи на францускиот производител да постигне повисока искористеност на фабриката. Рено соопшти и дека ќе додаде поголеми модели во својата понуда.
Рено продава првенствено во Европа и со тоа е поштеден од притисоците од царините на Трамп, но од друга страна е чувествителен на забавениот економски раст на континентот.
Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа
Соочувајќи се со растечка конкуренција од кинеските производители на домашиот пазар, Рено гледа начини да ја забрза својата продажба надвор од Европа, главно во Латинска Америка, но и во Кореја, Турција и Индија.















