Првиот Мерцедес е произведен на 22-ри ноември 1900 година

Во Мерцедес се чини дека секој ден ќе се погоди да е некој празник. Разбирливо, покрај сета историја: 22-ри ноември е најважниот датум за марката.

Мерцедес-Симплекс 40 ПС, наследник на Мерцедес 35 ПС од 1900. Фотографиран на местото на целта на ридската трка Ница-Ла Турбије, возило од 1903 година, снимено во април 2017

Постои сличност во изгледот меѓу најновиот модел на Мерцедес, ГЛЦ, и меѓу првиот модел на Мерцедес воопшто, пред 125 години. Вистина е дека сличноста се сведува на детал и ретко кој ќе ги поврзе двете работи, меѓутоа постои: Дизајнерите на новиот ГЛЦ за изгледот на новата маска, ја користеа како пример формата на ладилникот на Мерцедес 35 ПС од 1900-та година.

Мерцедес со последната низа модели прави човек со нетрпение да чека новите модели да се појават во салон. Пред неколку денови објавивме во Аутомедиа дека ЦЛА, прв од новиот и најголем досега бран модели на Мерцедес, доаѓа во салонот на Мак Аутостар околу 10-ти декември, со целосно сменет стил и технологија што не-премиум производителите ќе ја воведат дури во 2030-те.

Нема причина за ГЛЦ да се исчекува со помалку нетрпение, затоа што најпродаваната моделска серија на Мерцедес, во новата генерација доаѓа со сосем нова форма на маската, што понатаму ќе ги краси сите модели на куќата. Вистина е дека тоа и не е нова форма, затоа што „биненвабенкулерот“ е формата на маската на Мерцедес 35 ПС, првиот модел на иконската марка.

Дебелата историја на Мерцедес запишала дека Дајмлер-Моторен-Гезелшафт (ДМГ), на 22-ри ноември 1900, го изработила првиот примерок од овој модел. Автомобилот е изработен по желба на делвовниот партнер на ДМГ и заљубеник во автообили Емил Јелинек. Трговецот тогаш е најважен клиент на компанијата. Тој само во 1900-та година нарачал 72 нови автомобили, што им ги продал на богати купувачи ширум Европа.

Мерцедес 35 ПС, со кратенка што доаѓа од Пферде Штерке, германски за коњски сили, во тоа време е автомобил со високи перформанси. Како што е својствено тогаш, постојат повеќе изведби. Спортската изведба е непобедлива на трки. Постои и изведба со отмена каросерија, што нуди удобно патување.

Возилото донесува голема револуција, по 14 години од првиот автомобил во светот, по изумот на Карл Бенц и Готлиб Дајмлер. Тоа поставува пример што понатаму го следат сите производители.

Мерцедес ГЛЦ на струја доаѓа со сосем нов изглед на маската

Како е создаден Мерцедес 35 ПС

Јелинек побарал од главниот конструктор на ДМГ, а тоа е Вилхелм Мајбах, да развие своремен, силен и безбеден автомобил, со иновации што ќе ги надминат техничките ограничувања на возилата во тоа време.

Заднината за тоа барање е кобната незгода на тркачот Вилхелм Бауер, со тркачко возило спонзорирано од Јелинек, на база на Дајмлер Феникс 23 ПС, на ридската трка Ница-Ла Турбије. Тркачкиот автомобил на Јелинек стартува под псевдонимот „Мерцедес“, а тоа е името на највозрасната ќерка на Јелинек. Тоа по кусо време станува име на марката на автомобилите на ДМГ.

Нов пристап за долготрајна работа под крајно оптоварување

Мајбах е врвен конструктор на ДМГ. Тој со својот тим, при развојот на 35 ПС се откажува од пристапот на кочија со мотор. Новата конструкција овозможува пониско тежиште, што заедно со долгото меѓуоскино растојание и широката трага, обезбедува дотогаш невидени возни својства и стабилност. Покрај тоа, управувачкиот столб е поставен косо и се користи ножна спојка за менувачот.

Најголемата новина е во моторот. Тој може „бесконечно“ да работи под полна гас. Конструиран од Јозеф Браунер, 4-цилиндарецот од 5,9 литри постигнува 35 КС при 950 вртежи во минута – вредност за чудење во тоа време.

Мајбах го конструира ладилникот со структура во форма на пчелино саќе, што се грижи за делотворно ладење на моторот, а со тоа и за долго спортско возење. Формата на ладилникот станува препознатливо обележје на марката Мерцедес, а потоа во 1926 година и на Мерцедес-Бенц. Сега, новиот ГЛЦ се враќа на таа форма.

Прво тестирање, па нагодување, па потоа испорака

Првиот примерок од 35 ПС минал недели во тестирање и нагодување на деталите, за сé да биде совршено. Дури потоа, по разработувањето, првиот Мерцедес во историјата, на 22-ри декември 1900 му бил испорачан на Емил Јелинек во Ница. Тој со новиот автомобил учествува на Недалата на Ница од 25-ти до 29-ти март 1901 година и реди победи во низа. Меѓу нив спаѓа прво место на Ница-Салон-Ница, трка долга 392 километри, како и на ридската трка Ница-Ла Турбије.

По Мерцедес 35 ПС, следат моделите 12/16 ПС и 8/11 ПС со истата техника. Нивната замена следи во 1902 година, со прочуеното моделско семејство Мерцедес-Симплекс. Додатокот во името доаѓа од значитечно поедноставеното ракување.

Годината 1900-та е важна и во друг поглед. ДМГ купува плац од 195.000 метри квадратни во Унтертиркхајм, за тука да се гради нова фабрика. До денес, Мерцедес произведува на таа локација.

Претходна објаваПроизводителот на Ајфон на пат да стане светска сила во изработка на батерии за автомобили
Следна објаваКако вози кинескиот АУДИ Е5 Спортбек?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here