Електрична Киа ЕВ3 постигна рекорд во Чешка, со 858 километри без полнење

Киа се запиша во книгата на рекорди во Чешка, откако електричната ЕВ3 мина 858 километри без полнење и ги посети сите 14 региони во земјата.

Со рекордниот досег на Киа ЕВ3 може да се вози од Скопје до Загреб или Будимпешта, без потреба од запирање на станица за полнење.

Постигнатиот досег на рекордот на Киа ЕВ3 е за 250 километри над фабричките тврдења и докажува колку електричниот погон е благодарен кога се вози умерено. Со македонски цени на струјата и полнење дома, Киа би возела 100 километри со трошок од само 50 денари.

Потфатот го постигнаа новинарите на стручниот магазин фДриве.цз, кои со Киа ЕВ3 поставија два чешки рекорди. Со полна батерија, тие успеаја да минат пат долг 857,9 километри, и воедно да ги посетат сите 14 региони во Република Чешка. Возењето траеше близу 23 часови и беше под постојан надзор од претставници на агенцијата Добри Ден, кои на крајот го потврдија рекордот и запишувањето во книгата на рекорди во Чешка.

Директорот на Киа Чешка, Арношт Барна, напомена дека фабричкиот податок за досегот на моделските изведби на Киа ЕВ3 се движи меѓу 563 и 625 километри и дека „овој резултат за нашите клиенти е уште една потврда дека ЕВ3 може да се докаже како семеен автомобил и не треба да се воздржува и од долги излети по Алпите или до море.“

Возењето почна од станица во близина на Пелхримов, чешкиот град на рекорди. Патувањето потоа водеше низ Јужна и Северна Моравија, па преку долг лак до Јужна Бохемија, за на крај да води преку регионот на Средна Бохемија и да заврши во Прага.

Со запечатен приклучок за полнење, патувањето заврши по 22 часови и 7 минути во активно возење, со проечна потрошувачка од 10,098 кВч на 100 километри. Доколку се земат предвид македонските цени, полнењето на електричната Киа со ваква потрошувачка би чинело точно 50 денари, со домашен приклучок и во ноќна тарифа.

Марек Томишек, новинар во фДриве.цз, има претходни искуства со Киа ЕВ3 на чешкото првенство во Еко Рели и „бевме убедени дека потенцијалот на овој модел лежи далеку над официјалниот податок за 605 километри.“ Рекордот досега го држеше Мерцедес Е Ку С.

Уште една одлика на ЕВ-моделите на Киа е брзото полнење. ЕВ3 и ЕВ4 на брз почнач постигнуваат наполнетост од 10 до 80% за само 30 минути. Уште побрзо е кај премиум моделите ЕВ6 и ЕВ9, коишто со 800-волтна мрежа успеваат да скусат уште 10 минути полнење.

Сите ЕВ-модели на Киа располагаат и со технологија В2Л, а тоа значи дека со користење едноставен адаптер може на возилото да се приклучат најразлични електрични потрошувачи, од апарат за кафе до телевизор. Како пратечко возило се користеше ЕВ9, којашто послужи за целосно испразнетата батерија на ЕВ3 да се наполни веднаш по исцрпувањето на енергијата, користејќи ја технологијата В2Л.

Претходна објаваГолемиот црвен камион полн со алати Милвоки и годинава на гости во Еуроимпекс
Следна објаваПежо Полигон го најавува идниот 208 и донесува идеи што ќе држат до 2050-та

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here