(Соопштение за медиуми, Еуроимпекс)
Импресивна мобилна изложбена платформа што патува низ Европа и го носи најдоброто од светот на Milwaukee директно до професионалците и ентузијастите.
Еуроимпекс, како генерален увозник и дистрибутер на Milwaukee за Македонија, гордо ја организира оваа светска турнеја во Скопје со цел да им овозможи на македонските корисници да бидат дел од глобалното Milwaukee искуство. Ова беше ретка можност да се види и почувствува најдоброто што овој бренд го нуди – во живо, на едно место.
Специјалното демо возило беше поставено во кругот на Еуроимпекс, на Бул. Трета Македонска Бригада, на ден 11.11.2025 година. Возилото е целосно опремено со најновата палета на Milwaukee алати, батериски системи и иновативни решенија за секој занает и индустрија. За време на турнејата имаше екслузивни промоции и специјални понуди на производите, а експертите на Milwaukee и Еуроимпекс беа достапни за професионални совети и презентации.
„Во текот на годините, како компанија развиваме стабилни деловни односи и со производителите и со клиентите, создавајќи нераскинливи врски на лојалност. Веруваме во производите и услугите кои ги нудиме и стоиме зад квалитетот на истите. Оваа година, Еуроимпекс одбележува 18 години како генерален увозник на македонскиот пазар на Milwaukee – бренд со 100 годишна традиција во производство на електрични и акумулаторски алати. Имено, кога станува збор за алати за професионална работа, брендот Milwaukee е на прво место, покрај останатите брендови на алати: Bahco, Irimo, Portable Winch. Овие брендови, заедно со Milwaukee, ја издвојуваат компанијата Еуроимпекс како една од водечките компании во продажбата на алати наменети за професионалци во Македонија“ – изјави Роберт Анастасов, директор на секторот за алати во Еуроимпекс.
И додаде: Нашата компанија, има широка дистрибутивна мрежа низ цела Македонија, а имаме и сопствен сервисен центар за машини и алати од нашите програми, со цел да обезбедиме квалитетна грижа за нашите корисници.

Еуроимпекс, во своето 35-годишно постоење, бележи раст, развој и успешно стопанисување во различни области, вклучувајќи ги сите брендови што ги претставува.
Работењето на компанијата е насочено кон сите брендови подеднакво: четири брендови на алати (Milwaukee, Bahco, Irimo, Portable Winch), Total Energies, Ловиштето Ниџе, автомобилските брендови Peugeot и Opel, кои покрај во Македонија, Еуроимпекс ги претставува и во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
За повеќе информации обратете се во Еуроимпекс на https://euroimpex.mk/
















