Каква врска имаат БМВ и златните медали на Германија во санкање

Технологии на БМВ се користат за изработка на специјалните обувки по мерка за германските тимови во боб и скелетон. Во моментов се работи на последните детали пред Зимските Олимписки Игри.

На последната Зимска Олимпијада во 2022 година во Пекинг, Германија освои дванаесет златни, десет сребрени и пет бронзени медали. Најтрофејна беше репрезентацијата во боб и скелетон, со девет злата, шест сребра и една бронза. Секако дека главната заслуга е на спортистите, меѓутоа мал придонес даде и еден производител на автомобили, и тоа БМВ.

Германската репрезентација во боб и скелетон уште од 2010 година се потпира на технологии што посебно за таа намена ги разработува БМВ. За претстојната Зимска Олимпијада што во февруари ќе се одржи во Милано и Кортина д’Ампецо, баварскиот производител на автомобили ѝ подготви две нови технологии на германската „маншафт“ во боб, скелетон и санкање. Запци под обувките коишто се изработени по мерка ќе бидат од помош за решавачките стотинки на лизгачката патека.

Не е тајна дека важна улога во боб-санкањето има добриот залет, што понатаму е решавачки за брзината на спустот. Затоа е важно, спортистите да користат соодветни обувки. Силата на спортистите се пренесува врз подлогата преку забестите плочки во предниот дел од обувките. Тоа се преку 250 ситни, но остри запци, со задача да спречат лизгање, за силата на спортистите да се пренесе целосно врз бобот.

БМВ го согледа овој потенцијал и за Олимпијадата во 2022 година разви забести плочки што се прицврстуваат во навојните споеви за запци во обувките. Овие забести плочки беа изработени во кампот на БМВ за адитивно производство, кусо Три Д производство. Таму уште од 1991 година се работи на оваа технологија.

Геометријата, цврстината, бројот и формата на запците се земаат предвид посебно за секој атлетичар и врз таа основа се изработуваат запци по мерка, секако со Три Д печатење.

Овие забести плочки првпат беа користени во светскиот куп во минатата сезона, посебно во тимот на Адам Амур. Развојот продолжи и се воспостави дека натамошен напредок може да се постигне со помеки ѓонови и плочки, врз основа на резултатите од мерењата.

Во оваа фаза голем придонес даде Феликс Штрауб, туркач во тимот на Франческо Фридрих. Новите плочи се изработени од најлон, во нив се поставени запци и плочите се залепени на обувките и споени со заковки.

За запците да не се трошат прекумерно, БМВ примени нова технологија, што се нарекува плазма нитрирање. При оваа постапка, азот се јонизира на високи температури во вакуумска средина. Азтотот навлегува во запците и ги зајакнува. Тоа не е нова технологија во БМВ. Таа се користи главно за изработка на коленасти вратила за моторите во мотоциклите на Баварците и во мотоспортот.

Атлетичарите можат да изберат која од двете технологии ќе ја користат на Олимпијадата.

Мини Купер · Тест · Зипуван Гран Туризмо

БМВ помага и за анализа на податоците

За Кортина 2026 е изградена нова лизгачка патека и спортистите немаат претходни искуства, за да можат да го оптимираат своето возење. Затоа е важно од малиот број тренинзи што се на располагање, да се пресмета најдобата стратегија. Тука стапува на дело БМВ Датенкоуч. Целта е да се најде иделната линија. Во мотоспортот и при развојот на возила, одамна се користи „Датеноучот“.

За таа цел, во санките се поставени посебни сензори, коишто обезбедуваат податоци за софтверот. Освен за идеалната линија, софтверот помага и за оптимирање на компонентите и за нагодувањето на санките.

Системот во меѓувреме го тестираат 13-кратниот светски шампион Феликс Лох и шесткратниот светски шампион Макс Лангенхан. Добиени се потребните податоци од првите тренинзи во Кортина што се одржаа на преодот од октомври во ноември, а кон завршетокот на месецов престојат и вторите тестирања.

Претходна објаваДилер на Порше во САД ќе привлекува внимание со скулптура од 1 милион долари
Следна објаваДодека Маск чека билион долари, шефовите си заминуваат од Тесла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here